fbpx

Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати во последниве две години вршеа шпионажа

Сите надлежни служби кај нас и таа за надворешно разузнавање и таа за внатрешно, имаат заеднички извештај во однос на активностите на тие тројца дипломати и одлуката на државниот врв беше неминовна, нема тука избор, нема опција, потенцира македонскиот претседател

-

Сите 21 лице со руски дипломатски статус што беа протерани, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА). Нашите служби, заедно со партнерските служби од НАТО тоа недвосмислено го докажале, појаснува тој.

„Во изминатите две години, без последните тројца, протеравме 18 руски дипломати кои практично имаа статус на дипломати, а се занимаваа со шпионажа. Во сите случаи, во секој поединечен случај од тие 18 и плус овие три, нашите служби, со помош на партнерските служби од НАТО алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор на статусот кој им е даден кога доаѓаат во Македонија, значи тие не беа дипломати и затоа беа протерани“, вели Пендаровски.

Во врска со реципрочните мерки што Руската Федерација ги најави кон Северна Македонија, Пендаровски вели дека е логично тоа да се случи, но нагласува дека земјава немала друг избор освен да побара дипломатите да си одат.

„Логично е и тие ќе возвратат со реципрочни мерки, но ние немавме друг избор како држава. Сите надлежни служби кај нас и таа за надворешно разузнавање и таа за внатрешно, имаат заеднички извештај во однос на активностите на тие тројца дипломати и одлуката на државниот врв беше неминовна, нема тука избор, нема опција, премногу е јасно дека тие не се бавеле со дипломатски активности онака како предвидуваат виенските конвенции“, нагласува македонскиот претседател.

На 15 септември амбасадата на Руската Федерација во земјава, преку објава на социјалната мрежа „X“ пренесе коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во кој се вели дека тројца руски дипломати се прогласени за персона нон грата, односно за непожелни во земјава од страна на македонските власти.

Потегот на македонските власти, како што беше наведено, се случил на 12 септември, без објаснување на причините.

Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни го оценува како неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор.

Утредента и македонското МНР ја потврди веста дека тројца руски дипломати се прогласени за непожелни во земјава.

Инаку, во интервјуто за „Гласот на Америка“, Пендаровски зборуваше и за измените на Кривичниот законик и стравувањето дека тоа ќе значи враќање на Никола Груевски.

Со измените на Кривичниот законик Груевски не се враќа во Македонија, тврди Пендаровски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...