сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Руска амбасада | 28 резултати

„Денови на Русија“ во Скопје и Софија, бугарското МНР реагира за ширење дезинформации од руската амбасадорка

јуни 14, 2023

Амбасадите на Русија во Скопје и во Софија изминативе денови го одбележаа државниот празник на Руската Федерација „Денот на Русија“, со организирање на приеми во двата главни града на кои испратија скандалозни пораки во врска со руската воена агресија врз Украина. Бугарското Министерство за надворешни работи денеска беше приморано јавно да реагира и да ги […]

Руската амбасада во Скопје – главниот дипломатски интернет спамер во С. Македонија

март 16, 2023

Руската амбасада во Скопје е рекордер според бројот на постови на Фејсбук. Земјава е на врвот на интересот на Кремљ во регионот, повеќе постови има само во Романија. Хибридната војна врз Северна Македонија од руските тајни служби е реалност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Руската амбасада во Скопје, […]

Русија со (дез)информација околу убиениот војник кој пред да биде стрелан извикува „Слава на Украина“

март 10, 2023

Убиството на војникот во украинска униформа, што го обиколи целиот свет преку социјалните мрежи и масовните медиуми само благодарејќи на тоа што не се гледаат егзекуторите. Амбасадата на Русија во РСМ се обидува да ја претстави како исфабрикувана егзекуција на руски војник, но не наведува никакви детали. За разлика од тоа Украина веќе му оддава […]

Руската амбасада реагира на Османи, немало докази оти сакале конфликт меѓу Македонија и Бугарија

февруари 1, 2023

Амбасадата на Руската Федерација во земјава денеска реагираше на изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи што ја даде во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Османи изјави дека Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во регионот на Балканот, со цел полесно да може […]

Има големи разлики меѓу Крим и Косово, наспроти тврдењата на Руската амбасада

ноември 10, 2022

Руската амбасада во С.Македонија ја доведува во корелација ситуацијата меѓу Крим и Косово, а клучниот аргумент на рускиот претседател, Владимир Путин, за оправдување на ратификaцијата на договорот за прием на Крим во Русија е фактот што Западот ја призна косовската декларација за независност од 2008 година. Но, во 2014 година, тогашниот косовски премиер Хашим Тачи изјави […]

Како фотографија од Словенија стара 12 години стана руски доказ за „валканата бомба“ на Украина

октомври 28, 2022

Словенечката влада официјално реагираше  дека фотографијата која  руското Министерство за надворешни работи ја користи во својата објава на Твитер, е фотографија на Агенцијата за радиоактивен отпад на Словенија (АРАО) од 2010 година. Во реакцијата на словенечката влада  е пренесена и изјавата на  Санди Вршек, директор на АРАО, во којашто се вели „Радиоактивниот отпад во Словенија […]

Руската амбасада по урнекот на Лавров „го одбележа“ признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на РПЦ

август 26, 2022

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје денеска се приклучи на значителниот број профили на социјалните мрежи и македонски медиуми и извести за вчера донесената одлука на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија за признавање на автокефалноста на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Со двата твита, руската амбасада, иако навидум суво фактографски се занимава […]

Блокирани 890.000 долари од Русија за руската амбасада во Софија

јули 6, 2022

Применети се во практика санкциите на ЕУ против Русија и блокиран банкарски трансфер на 890.000 американски долари од Русија за руската амбасада во Бугарија, објави бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, пренесува mediapoool.bg. Василев објасни дека станува збор за автоматска примена на санкциите од ЕУ, без посебни самостојни дејствија на Бугарија. Паричниот трансфер […]

Украинците во земјава на протест, потсетија на злосторствата извршени врз нивната татковина

јуни 12, 2022

Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска организираше мирен протест во Скопје против руската воена агресија врз Украина. Протестот започна во 12 часот на детското игралиште зад Универзална сала, а заврши пред амбасадата на Руската федерација во Скопје. Преку транспаренти и илустрации, присутните ја искажаа загриженоста за случувањата во нивната татковина и побараа Русија […]

Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа Руската амбасада во Скопје да се преименува во „улица Украинска“

март 29, 2022

Граѓаните на Северна Македонија од вчера имаат можност да се приклучат на петицијата „улица Украинска“ со што би ги поттикнале градските власти да ја преименуваат улицата Пиринска, на која се наоѓа  Амбасадата на Руската Федерација  во Скопје, во улица Украина, соопшти Амбасадата на Украина. „Ова би бил симболичен чин на поддршка за украинскиот народ, кој […]

Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

март 28, 2022

Во просториите на Министерството за надворешни работи (МНР) денеска бил повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин и му биле врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава, односно прогласени за „персона нон грата“, соопшти македонското МНР. Петтемина дипломати, чии идентитети не се […]

Османи: 43 македонски државјани се eвакуираат од Украина, Владата ќе одлучува за прием на бегалци

март 7, 2022

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг посветен за последните актуелности од надворешната политика рече дека од вкупно 120 мапирани граѓани од Македонија, меѓу кои има и дел украински граѓани, 20 граѓани го искористиле апелот и ја напуштиле Украина пред да почне воената инвазија на 24 февруари. Според министерот, по руската агресија 20 […]

Лавров се прашува како членството на Македонија во НАТО ја зајакнало безбедноста на Алијансата

јануари 31, 2022

По Бугарија и Романија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера го прокоментира и членството на Македонија во НАТО. Наместо „Северна Македонија“, во одговорите на прашањата на програмата „Неделно време“ на државната руска телевизија „Првиот канал“, земјава тој ја именувал како „Македонија“. На поставеното прашање во врска со проширувањето на НАТО со нови земји-членки […]

Руската амбасада во Скопје преку Фејсбук ѝ одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска

јануари 26, 2022

Руската амбасада во Скопје вчера се огласи со сопствен коментар по изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска. Амбасадата се спротивставува на позициите коишто Северна Македонија ги зазема кон случувањата во и околу Украина. Тие реагираат по интервјуата на министерката што ги даде за телевизиите Телма и ТВ 24, во коишто таа напомена дека земјава […]

Отстранета е таблата со името на градот Севастопољ од „руското“ детско игралиште во Скопје

декември 24, 2021

Детското игралиште со руска тематика зад Универзалната сала во Скопје, во чија изградба учествуваа Општина Центар и Амбасадата на Руската Федерација во земјава, предизвика своевиден дипломатски скандал. Мета.мк откри дека меѓу поставените табли со имиња на руски градови, беше вметната и табла со името на украинскиот град Севастопољ. Станува збор за најголемиот град на полуостровот […]

Денеска се одржа тркалезна маса „Блаже Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“

март 18, 2021

За делото на Блаже Конески пишувано е многу пати, разгледувано е од многу аспекти, но сепак и децении подоцна тоа останува актуелно. За тоа најдобра потврда е географијата на денешниот настан, но исто така потврда е и задоволството за прифаќањето на поканата на сите поканети за учество на откривањето на уште еден сегмет од делото […]

Руската амбасада донира спомен-обележје во Општина Центар за Денот на победата над фашизмот

мај 11, 2020

На 9 мај во Скопје градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Баздникин открија ново спомен-обележје во чест на Денот на победата над фашизмот и 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна. Споменикот поставен на аголот меѓу улиците „9 Мај“ и „Владимир Полежиновски“, зад Универзалната сала, […]

Руска амбасада: Изјавата на Заев е политички неодговорна и русофобна алатка

јули 16, 2018

Руската амбасада во Скопје порача дека денешната изјава на премиерот Зоран Заев за „комити“ потплатени од руски бизнисмени да протестираат против договорот со Грција и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, е политички неодоговорна и русофобна. Заев прашан за своите тврдења дека руски бизнисмени ги потпалувале протестите во Македонија, посочи на добиените извештаи од […]

Руска амбасада: Намерно или не, Заев е погрешно информиран

април 16, 2018

Од Руската амбасада во Скопје на нивниот „Твитер“ профил реагираат на изјавата на премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Телевизија 24“, каде вели дека „протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите и биле презентирани на амбасадата […]

Руската амбасада шеговито најави засилено влијание во Македонија за празниците

декември 29, 2017

Амбасадата на Русија во Македонија „предупреди“ дека земјава за време на новогодишните празници ќе биде под зголемено „руско влијание“, шеговито алудирајќи на „руската салата“ како традиоционална храна на трпезите за новогодишните празници. „Внимание! Во претстојните денови се прогнозира забележително зголемување на #РускоВлијание на целата територија на #Македонија и пошироко. #РускаСалата“, напишаа на „Твитер“ од руската […]

Страна 1 од 2