Украинските вооружени сили утрово извршиле уште едеен напад на градот Севастопољ на полуостровот Крим што Русија го анектираше пред 8 години, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“.
Нападот доаѓа еден ден откако претходно Украина го нападна штабот на руската Црноморска флота, по што, според руски извори, еден припадник на руските сили е исчезнат а главниот објект беше разрушен и опожарен.
Севастопољ бил под тревога за воздушна опасност еден час утрово откако близу докот паднале остатоци од пресретната и уништена украинска ракета, пишува агенцијата повикувајќи се на руски воени извори.
Според Кирило Буданов, шеф на украинското разузнавање, во вчерашниот украински напад на руската Црноморска флота денеска најмалку девет лица ги загубиле животите, а 16 биле повредени.