Германија поради Русија ги засили мерките против шпионажа

Во петокот, Русија објави снимка од разговор меѓу четворица високи германски офицери, меѓу кои и командантот на Луфтвафе, Инго Герхарц. Службениците разговараат за оперативни сценарија доколку Германија одлучи да испрати крстосувачки ракети Таурус во Украина

-

Русија нема да успее да создаде поделби во Германија, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во врска со неодамнешното руско шпионирање на германската армија, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Пропагандната машина на Путин сака да ја дискредитира нашата земја, да манипулира со јавното мислење и да го подели нашето општество“, изјави денеска министерката за медиумите од медиумската група „Функе“.

„Ги зголемивме нашите заштитни мерки против шпионажа и дезинформации и континуирано реагираме на актуелните случувања“, рече Фезер.

Според неа, контраразузнавачката служба во Сојузната служба за заштита на уставот е значително зајакната, кадровски и технолошки. Борбата против активностите на руските разузнавачки служби останува главна задача на таа служба.

Во петокот, Русија објави снимка од разговор меѓу четворица високи германски офицери, меѓу кои и командантот на Луфтвафе, Инго Герхарц.

Службениците разговарале за оперативни сценарија доколку Германија одлучи да испрати крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина.

На видеото се слуша и дека властите во Германија не одобруваат испорака на ракети кои Киев упорно ги бара. Канцеларот Олаф Шолц го оправдува своето одбивање со аргументот дека испораката може да ја вовлече Германија во војна.

Ракетите „Таурус“ имаат дострел од 500 километри и украинската војска со тој вид ракети може да ја погоди Москва.

Комисијата за одбрана во германскиот парламент следната недела ќе одржи специјална седница за скандалот со прислушувањето.

„Дотогаш ќе имаме повеќе информации“, рече претседателката на одборот Мари Штрак Цимерман.

„Ќе разговараме за тоа колку нашите институции се подготвени за хибриден напад“, изјави таа.

Политичките либерали (ФДП), најмалата партија во владејачката коалиција, е за испорака на „Таурус“ на Украина.

Ова е ставот на другите либерални функционери, како и дел од Зелените, партија која исто така е во коалиција со Социјалдемократите (СПД) на Шолц.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...