fbpx

Украина тврди дека потопила руски воен брод во окупираниот Крим

Во моментов не е позната состојбата на 60-те членови на екипажот на бродот. Украинското воено разузнавање соопшти дека нападот го извршиле во соработка со поморските сили на украинската војска и Министерството за дигитална трансформација

-

Украина тврди дека потопила руски воен брод во близина на Керчкиот Проток во окупираниот Крим, како дополнителен удар врз поморската моќ на Москва и нејзината контрола над Црното Море.

Воената разузнавачка агенција ХУР во Киев соопшти дека вчера го нападнала бродот „Сергеј Котов“, кој бил во патрола, со поморски дронови. Тој претрпел оштетувања на крмата, десната и левата страна, по што потонал, пренесува Гардијан.

Видео објавено од про-Кремљ канали го покажува моментот од ударот. Може да се слушнат пукотници додека бродот отвора оган врз дроновите кои доаѓаат.

Видеото го објави и украинската државна новинска агенција Укринформ.

Во моментов не е позната состојбата на 60-те членови на екипажот на „Сергеј Котов“. ХУР соопшти дека нападот го извршиле во соработка со поморските сили на украинската војска и Министерството за дигитална трансформација.

„Цената на потонатиот брод е околу 65 милиони долари“, се вели во соопштението.

Според Украина, бродот имал улога во нападот на Змискиот остров на првиот ден од целосната руска инвазија врз земјата во февруари 2022 година, заедно со крстосувачот „Москва“, кој беше потопен од Украина истата година, јави Би-би-си.

На копно, руските сили напредуваа низ источната линија на фронтот и минатиот месец го освоија градот Авдиивка. На море, пак, претрпеа серија неуспеси – Украина користеше софистицирани дронови од домашно производство.

Загубите ја принудија Москва да премести голем дел од својата црноморска флота во побезбедното руско пристаниште Новоросијск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...