недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: прислушување | 204 резултати

ДЕБАТА: Телефонот може да нè прислушува, ако не водиме грижа за сајбер хигиената

октомври 19, 2023

Дали телефонот нè прислушкува беше атрактивното прашање што привлече големо внимание и дискусија од десетици млади на вечерашниот прв „Сајбер шејк“ настан што се одржа во просториите на Netaville во Скопје. Одговорот на прашањето за „прислушувањето“ е „ДА“, а притоа имаше многу „НО“ во одговорите на говорниците: Бајрам Али, ИТ советник на Азир Алиу, министер […]

САД ја санкционираа македонската „Сајтрокс“ поради активности против американската национална безбедност

јули 19, 2023

Владата на САД додаде четири странски комерцијални шпионски ентитети на листата за трговски рестрикции поради ангажирање во активности спротивни на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД, меѓу кои фирмата Cytrox AD (Сајтрокс) во Северна Македонија, јави „Гласот на Америка“. Другите фирми се Intellexa S.A. во Грција, Intellexa Limited во Ирска и Cytrox Holdings Crt […]

Плашек: Земјите на Балканот се добра мета за Кина и нејзините штетни влијанија

март 20, 2023

Давид Плашек е водечки аналитичар на Црвената програма на невладината организација Европски вредности од Прага. Тој е докторанд на Карловиот Универзитет во Прага и еден од ретките научници што се бави со проучување на кинеската пропаганда во Европа. Балканот е интересна мета за оваа авторитарна пропаганда, пишува „Вистиномер“. Интервјуто подолу го пренесуваме во целост:   […]

Поради судски пропуст одложен е новиот старт на судењето за „Таргет-Тврдина“

февруари 27, 2023

Иако беше најавено дека ќе се интензивира, сепак се одложи почеток на повтореното судење за случајот „Таргет-Тврдина“, поврзан со масовното прислушување. На судењето не се појави обвинетиот Тони Јакимовски, кој требаше да биде спроведен од Охрид каде е во домашен притвор за друг случај. По еден час чекање, било утврдено дека грешката е во судот, […]

Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа за масовното прислушување

февруари 27, 2023

Во Основниот кривичен суд во Скопје почнува повтореното судење за најголемиот предмет за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. Од затворот во Струга во судот ќе биде донесен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Пред два месеца беше укината пресудата во која Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а новото судење започнува денеска […]

Контраспин: Барањето одговори за одлуката за „Таргет-Тврдина“ не е притисок врз судството

декември 20, 2022

Во услови на висока исполитизираност на општеството и на сè уште премногу дебати за нецелосна поделеност на трите власти, како и во услови на многу ниска доверба на јавноста во судството (од само 4 отсто) за кое постои перцепција за силно влијание од политички, но и од бизнис елити, сосема е разбирлива реакцијата и на […]

С. Македонија во извештај на Европскиот парламент за шпионскиот софтвер Пегасус

декември 20, 2022

Специјален комитет при Европскиот парламент истражува како се користат софтверите за следење на комуникациите Пегасус и Предатор, откако во повеќе европски држави, како и во репресивни режими во Африка, се појавија повеќе случаи на проминентни политичари, новинари и граѓански активисти, кои незаконски биле следени откако телефоните им биле инфицирани со ваков софтвер. Неговата моќ е […]

Њујорк Тајмс: Протечени документи разоткриваат строго следење и цензура во Русија

септември 23, 2022

Протечени документи од рускиот државен регулатор на комуникациите „Роскомнадзор“ покажуваат како Русија врши дигитално следење на своите граѓани и цензурирање, изедначувајќи се со авторитарните држави како Кина и Иран и дека од основањето на Роскомнадзор во 2008 година, Путин го претворил во систем на шпионажа заради задржување на моќта, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот анализирал околу […]

Медиапул: Во Бугарија биле прислушувани и предводниците на протестите против власта на Борисов

јуни 4, 2021

Медиумите во Бугарија објавуват дека биле прислушувани сегашниот технички министер за култура, Велислав Минеков, адвокатот Николај Хаџигенов и Арман Бабикјан, кои беа меѓу најактивните во протестите против власта минатото лето а медиумите ги нарекуваа „Отровното трио“, пишува бугарски „Медиапул“. Прислушувањето наводно се вршело во рамки на истражните постапки за избеганиот бугарски олигарх Васил Божков, против […]

Сегашниот технички премиер Јанев и уште 31 политичар во Бугарија биле прислушувани

мај 21, 2021

Скандалот со прислушувањето на опозициски политичари во текот на предизборната кампања во Бугарија постојано ескалира – денеска Бојко Рашков, министерот за внатрешни работи во техничката влада за телевизијата „Нова“ изјави дека меѓу прислушуваните бил и техничкиот премиер Стефан Јанев, јави „Медиапул“. Вчеравечер Рашков ги потврди сомнежите за следење, и објасни дека специјалните разузнавачки средства – […]

Заев бара одговорност за бегството на Мијалков, негира постоење на политички договор

февруари 22, 2021

Премиерот Зоран Заев по излегувањето од судницата претпладнево, каде сведочеше во процесот „Титаник“, негираше дека постои политички договор и побара одговорност за недостапноста на Сашо Мијалков токму пред пресудата за предметот „Таргет – Тврдина“. „Изречено е решение од суд за домашен притвор некаде 18-18:30, МВР веднаш постапило и лицето не е затечено во домот или […]

Дарко Омерагиќ, новинар од Сараево: Пандемијата го промени животот на сите, посебно на новинарите

јуни 26, 2020

 „Навистина не знам зошто некои медиуми отпуштаа новинари, посебно ми е нејасно зошто беа отпуштани добри новинари. Една од причините која ја слушнав беше намалениот приход од маркетингот, но сепак тоа не би требало да биде причина, ако се земе предвид фактот дека медиумите одамна се присутни и со дигитални платформи, кои од своја страна, […]

Во време на „бомби“, во прашање е доведено работењето на Советот за граѓански надзор на прислушувањето

февруари 28, 2020

Во период во кој прислушувани разговори секојдневно се користат како „политички бомби“, во прашање е доведена работата на Советот за граѓански надзор, тело кое беше основано за да врши надзор врз мерките за следење на комуникациите, покажува извештајот за работењето на Советот во 2019 година доставен до македонското Собрание. Советот, кој е составен од претседател […]

Андреј Петровски: Граѓаните многу малку внимаваат на „дигиталната хигиена“, а опасностите се бројни

ноември 6, 2019

Андреј Петровски е софтвер-инженер и магистер по електронски криминал, кој веќе пет години работи во Фондацијата SHARE, којашто се занимава со истражување и заштита на дигиталните права на граѓаните. Фондацијата се обидува на граѓаните да им ги разјасни тајните и проблемите на информациските технологии и интернетот. Истовремено прави и мониторинг на дигиталните права и слободи […]

Сѐ уште недостигаат механизми за заштита на човековите права од злоупотреби на безбедносните служби

октомври 22, 2019

Сегашните законски решенија за работата на безбедносните служби, како одраз и на меѓусебните пазарења на власта и на сегашната опозиција, не обезбедуваат доволно механизми за ефикасна заштита на човековите права од злоупотреби на безбедносните служби, а за оние позитивни решенија што ги има, не се направило многу во поглед на нивната имплементација. Затоа може да […]

За Верушевски, нарачателот на прислушувањето e Никола Груевски, а не Сашо Мијалков

октомври 10, 2019

Зоран Верушевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, одговорајќи на прашањата на обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање, денеска рече дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај. Според Верушевски, Груевски поседувал и поседува голем број бомби […]

Од домашни „бомби“ до руска салата: Четиригодишна аудио голгота

јули 10, 2019

Снимениот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев со руските комичари Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров), кои го измамија македонскиот премиер, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, од вчера (09.07.2017) е топ тема во македонската јавност, но и во поширокото опкружување. Видеото кое го објавија […]

Доцнат реформите во безбедносните служби, велат експертите

јануари 24, 2019

Реформите во безбедносните служби во Македонија доцнат, потребно е ревидирање на постојните и нови закони кои го дефинираат објективниот надзор над работата на ОТА, формирањето на Граѓанскиот совет и комплетирање со експерти на собраниската комисија за спроведување на надзор врз ОТА. Овие критики денес беа упатени во работната средба на експертите на Европската Унија, Маурицио Варенезе […]

„Свиркачите“ Лазаревски и Костовски се враќаат во МВР

декември 20, 2018

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, „свиркачите“ што ја обелоденија аферата со прислушувањето на претходниот режим, од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. Ова на својот Фејсбук профил го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, каде објави и фотографија од средбата. Лазаревски е сведок во предметот на СЈО за прислушувањето „Таргет […]

СДСМ: Мицкоски ја потврдува поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со насилството од 27 април

декември 10, 2018

За владејачката СДСМ е неприфатливо барање на Христијан Мицкоски да се формира независно тело кое ќе ги преслуша снимките на судиите и обвинителите во изминатите две години. „Мицкоски ги потврдува сведоштвата за сериозна поврзаност на насилниците со ВМРО-ДПМНЕ во организацијата и координацијата на насилството од 27 април. Преку нелогични, несериозни и неосновани барања, интерпелации, измислици, […]

Страна 1 од 10