среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: прислушување | 204 резултати

Владата бара да биде утврдена одговорноста за двегодишното прислушување на ОЈО

ноември 30, 2018

Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури, порача владиниот портпарол Миле Бошњаковски, реагирајќи по денешната информација од Јавното обвинителство дека во објектот во кој се наоѓа главното обвинителство и други обвинителства, е пронајдена опрема со […]

Јовески: Биле прислушувани фиксните телефони на Обвинителството

ноември 30, 2018

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за сторителот на незаконско прислушување на фиксните телефоните во Обвинителство од 30 септември 2016 година до вчера. Телефонските разговори биле снимени на два хард диска соопшти на брифинг со новинарите Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Ќе се прави вештачење за да се утврди кој снимал, со која цел и дали прислушуваните […]

Најголем дел од буџетските пари за ОТА ќе се потрошат за плати и надоместоци

ноември 2, 2018

Од почетокот на месецов и официјално почна со работа Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе функционира како самостоен независен државен орган и ќе го надгледува следењето на комуникациите од страна на надлежните државни органи односно ќе обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и овластените органи, без можности за активирање или спроведување на снимањето на следените комуникации. Со […]

Директорот на ОТА: „Бомбите“ никогаш нема да се повторат

ноември 1, 2018

Директорот на новата Оперативна техничка агенција (ОТА) Зоран Ангеловски, соопшти дека Агенцијата, која ја презема опремата за прислушување од УБК и која ќе ја има контролата врз следењето на комуникациите, денеска официјално почнува со работа во полн капацитет. На заедничката прес-конференција во Владата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ангеловски рече дека контролата врз […]

Директорот на ОТА на средба со собраниската комисија за надзор на прислушувањето

октомври 29, 2018

Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана. Средбата се случува пред најавеното почнување со работа на ОТА, […]

Познати имињата на членовите на групата за реформи во УБК

октомври 19, 2018

Министерството за внатрешни работи формиралo работна група за реформите во Управата за безбедност и контраразузнавање, чија цел е да создаде професионални, департизирани, транспарентни агенти кои ќе ги штитат граѓаните и државата. Групата се состои од 32 лица, а во неа се вклучени претставници од државни институции и невладини организации, пишува „Порталб.мк“. Дел од работната група […]

Формирањето на ОТА се уште е финансиска енигма

септември 7, 2018

Надлежните институции си ја префрлаат топката за одговорот на прашањето, колку ќе чини формирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА), новото тело кое ќе раководи со опремата за прислушување во земјава. Собранието денеска го изгласа Зоран Ангеловски за директор на ОТА, но се чини дека никој не знае колку пари од буџетот се предвидени за имплементацијата на […]

Зоран Ангеловски едногласно предложен за директор на ОТА

септември 4, 2018

Собраниската Комисија за избори и именување го избра поранешниот разузнавач Зоран Ангеловски за директор на Оперативно техничката агенција (ОТА) во која треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). По изборот во Комисијата, следува гласање на пленарна седница во Собранието. Законот за ОТА (Оперативно […]

Ристовска: Мијалков бил организатор на прислушувањето, имаме и докази и сведоци

август 31, 2018

Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и разузнавање (УБК) во МВР, е креатор на идејата за масовно прислушување, воден од политички и бизнис интереси. СЈО за да ја докаже неговата вина, има обезбедено многу докази, но и сведоци, кои помогнаа во обелоденувањето на аферата и расветлувањето на мотивите, порача специјалната обвинителка Ленче Ристовска […]

Лазаревски и Костовски номинирани за наградата на ЕП за свиркачи на годината

мај 21, 2018

Во Европскиот парламент во Стразбур на 29 мај ќе бидат соопштени имињата на добитниците на наградата „Новинари, укажување и бранители на правото на информирање“, која годинава се доделува во чест Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил во октомври лани. Меѓу номинираните се и Ѓорѓи Лазаревски и Звонко […]

Прајваси интернешенел: Недоволен е надзорот врз тајните светски разузнавачки мрежи

април 25, 2018

Во својот нов извештај, меѓународната мрежа составена од 40 невладини организации „Прајваси интернешенел“ алармира за загрижувачки број пропусти во инструментите за надзор што треба да го контролираат разменувањето податоци и информации помеѓу државните разузнавачки служби и нарушувањето на приватноста. Истрагата што ја спровеле организации, преточена во извештајот „Тајните глобални мрежи за надгледување: Споделување на разузнавачки […]

Ако не се екстрадираат Грујевски и Бошкоски, одвоено ќе им се суди на Мијaлков и Јанкулоска

март 27, 2018

Доколку до 15 мај обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски во предметот на СЈО „Тврдина – Таргет“ за масовното прислушување не бидат екстрадирани од Грција, Основниот суд Скопје 1 ќе одлучува за раздвојување на постапката по однос на овие двајца обвинети. Судското рочиште денеска беше одложено за 15 мај бидејќи обвинетите Грујевски, екс-началник на Петтата […]

Спасовски: Владата ќе го прифати секој предлог што ќе го подобри законот за ОТА

февруари 3, 2018

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека Владата ќе го прифати секој предлог што ќе придонесе во подобрување на законите за новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и за следење на комуникациите, како дел од реформскиот процес во безбедносните служби и системот за следење на комуникациите. – Ние сме подготвени на амандмани по предложеното решение, тоа е демократија […]

Собранието ги усвои во прво читање законите за ОТА и за следење на комуникациите

јануари 18, 2018

Собранието попладнево ги усвои во прво читање законите за новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и за следење на комуникациите, како дел од реформскиот процес во безбедносните служби и системот за следење на комуникациите. Пратениците со 64 гласа „за“ ги усвоија предложените закони, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери ги даде на натамошна работа во надлежните […]

Прекинувачите нема да бидат во телекомите затоа што се странски компании

декември 27, 2017

Законот за формирање на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и новиот закон за следење на комуникациите кои вчера беа утврдени на владина седница се очекува по новогодишните празници да влезат во собраниска процедура за нивно донесување, брифираат од Министерството за внатрешни работи. Двата системски закони се изготвени во рамките на реформскиот процес и препораките на експертската […]

Заев: Тајното следење ќе биде директно под контрола на Јавното обвинителство

ноември 25, 2017

Тајното следење ќе биде директно под контрола на Јавното обвинителство, далеку од рацете на политичарите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на првите решенија за поддршка на младите земјоделци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Заев истакна дека реформите во безбедносните служби се во многу напредна фаза и дека […]

Заев: МРТВ ќе добие независни управни органи и независна уредувачка политика

ноември 24, 2017

Работиме на законско решение за реформа во медиумите кое треба да доведе до комплетна независност на медиумите од извршната власт или други центри што можат да направат дисторзија, рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на прашање од пратеникот Јован Митрески. – Медиумите ќе ја вршат улогата на седмата сила и ќе бидат коректив на […]

Формирана работна група за реформи во следењето на комуникациите

октомври 31, 2017

Владата на денешната 34. седница, донесе одлука за формирање работна група што ќе ја следи имплементацијата на планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите, од 2015 година, соопшти владината прес-служба. Претставникот од Министерство за внатрешни работи, Силјан Аврамовски, е назначен за претседател […]

На Грујовски и на Бошковски во Солун ќе им се суди за лажните пасоши

октомври 24, 2017

Во Првостепениот суд во Солун би требало денеска да почне судењето за поседување лажни пасоши против поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујовски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски. По нив македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, по обвинението од  Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, […]

МВР демантира дека прислушува политички партии

октомври 23, 2017

Министерството за внатрешни работи денеска ги демантираше тврдењата на Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ дека МВР прислушува членови на раководство на некоја опозициската политичка партија. „Тоа не е точно. МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија. Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта. […]

Страна 2 од 10