fbpx

Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа за масовното прислушување

Пред два месеца беше укината пресудата во која Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а новото судење започнува денеска и продолжува утре

-

Во Основниот кривичен суд во Скопје почнува повтореното судење за најголемиот предмет за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. Од затворот во Струга во судот ќе биде донесен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Пред два месеца беше укината пресудата во која Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а новото судење започнува денеска и продолжува утре, кога обвинетите треба да се произнесат дали чувствуваат вина.

Апелацискиот суд во образложението за укинување на пресудата, меѓу другото, наведе дека во првостепената пресуда немало опис на кривичните дела за кои Мијалков и останатите обвинети се прогласени за виновни. Апелацискиот суд бараше точно да се утврди колку лица биле прислушувани, преку кои уреди и во кој период.

За предметот во Апелацискиот суд се одлучуваше две години, а судењето во Кривичниот суд траеше три. Ова значи дека вкупно пет години предметот „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во судските инстанци. Тој застарува во 2025 година.

Претседателот на судот Иван Џолев минатата недела најави дека поради опасноста предметот за застари, со судијата веќе е договорено процесот да се интензивира.

За „Таргет-Тврдина“ обвинети се и двајцата бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, на кои им се суди во отсуство. Меѓу обвинетите е и шефот на кабинетот на Мијалков, и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која со првата пресуда беше осудена на 4 години затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Aкадемската фела избира нов ректор на УКИМ, резултатите ќе се знаат попладнево

Редовни, вонредни професори, доценти и студенти - членови на универзитетски студентски собранија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска избираа прв човек на најстарата високообразовна институција во државата. Право...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
download udemy paid course for free
download coolpad firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy paid course free download