недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: прислушување | 204 резултати

Прислушувањето се врши легално со наредби од судот, велат од МВР

октомври 22, 2017

Следењето на комуникациите во Министерството за внатрешни работи се врши во согласност со законските процедури – со наредба од суд преку Јавното обвинителство, велат од МВР за „Нова ТВ“ во врска со обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изнесени во интервјуто во емисијата „Седмица“ на телевизијата „Алфа“, дека стотина членови на раководството на партијата […]

Новиот закон за следење на комуникациите ќе биде готов до Нова година, вели Спасовски

октомври 21, 2017

Укинувањето на членот 175 од Законот за електронски комуникации од страна на Уставниот суд во овој момент ќе доведе до вакуум-ситуација, во која целосно ќе биде ускратена можноста да има какво било законско следење на комуникациите што би било во рамките на заштита на уставниот поредок на Македонија и борбата против организираниот криминал и корупција, […]

Владата вели дека нема незаконско прислушување во тековниот мандат

октомври 12, 2017

Владата му предлага, а не му налага на Уставниот суд да ја запре постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори, објаснува владиниот портпарол, Миле Бошњаковски. Според него, ваквиот предлог до Уставниот суд е […]

Реформите во УБК биле причината Владата да бара да запре постапката за членот 175 во Уставен

октомври 11, 2017

Владата бара Уставниот суд да ја запре постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, бидејќи веќе работи на реформите во безбедносниот систем, а оваа „иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно, и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка“. „Во врска со одлуката […]

Владата ќе побара да не се оценува уставноста на членот 175 од Законот за телекомуникации

октомври 10, 2017

Владата на денешната 31. седница, врз основа на заедничкото мислење на Министерство за информатичко општество и администрација подготвено во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, донесе предлог Уставниот суд да донесе решение за запирање на постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски телекомуникации, усвоена на 21 јуни […]

Владата ќе го разгледува решението на Уставен за прислушувањето преку телеком-операторите

октомври 10, 2017

Владата на денешната 31. седница, меѓу другите точки од дневниот ред, ќе го разгледува и решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, донесено на седницата на судот на 21 јуни годинава. Инаку, членот 175 ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) […]

Аселборн: Јас не сум Орбан, јас поддржувам нормално функционирање на државата

октомври 4, 2017

Не можам да кажам кога ќе бидат почнати преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, бидејќи ЕУ е покомплексна и од Балканот, изјави министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, по денешната средба со неговиот македонски колега, Никола Димитров, во македонското Министерство за надворешни работи. Аселборн појасни дека Европската комисија може да предложи […]

Затворено рочиште за „Тврдина 2“ денеска

октомври 2, 2017

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, по обвинението на СЈО, кое ги товари поранешниот началник на петтата управа на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски, и шест вработени во Управата за уништување опрема за следење комуникации непосредно откако опозицијата во 2015 година почна да ги објавува „бомбите“. Грујовски […]

Спасовски: МВР веќе не прислушува нелегално, отворени сме за контрола

октомври 1, 2017

„Одговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време. Ние стоиме на располагање и сме отворени, врз основа на законските прописи, да се направат такви контроли“, вели вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој, исто […]

Никола Груевски останува без пасош, „бомбите“ отфрлени како докази во три случаи

септември 27, 2017

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, не го прифатил барањето на Никола Груевски да му биде вратен пасошот, објави судот на својaта веб-страница. Истовремено, прислушуваните разговори се отстранети од доказниот материјал во три случаи, со образложение дека се незаконски прибавени. Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф […]

Владата почнува со изработка регистар на население

септември 26, 2017

Владата на Република Македонија на денешната редовна 29. седница, меѓу другите точки на дневниот ред, донела одлуки во врска со планираниот регистар на население, односно била усвоена информација за статусот на спроведување на проектот „Регистар на население“, за кој, како што се вели во владиното соопштение, се очекува во иднина дури и да го замени […]

Немало прислушување политичари и бизнисмени во Хрватска, вели министер од БИХ

септември 26, 2017

Директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска, Даниел Маркиќ, денеска се сретнал со својот колега од БИХ, Осман Мехмедагиќ, откако хрватските медиуми објавија дека Разузнавачко-безбедносната агенција на БИХ (ОСА) прислушувала хрватски бизнисмени и политичари од Хрватска и од БИХ. По средбата, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, рече оти челниците на разузнавачките агенции […]

Брисел ги повика Македонија и Србија на воздржаност

август 23, 2017

Европската комисија ги повика властите во Скопје и во Белград да покажат воздржаност и по мирен пат да го решат прашањето со повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје. Портпаролот на Европската комисија вели дека дипломатскиот инцидент е билатерално прашање на двете земји кое Европската Унија внимателно го следи. – Очекуваме двете страни да […]

Димитров: Владата не дала наредби за разузнавачки активности против Србија

август 22, 2017

Владата ниту имала намера, ниту пак дала наредби да се вршат разузнавачки активности против и на штета на некоја од соседните држави, вклучувајќи ја и Србија, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димотров, на денешната прес-конференција, одговарајќи на обвинувањата на неговиот српски колега Ивица Дачиќ дека српските дипломати во Скопје биле прислушувани, заплашувани и следени. […]

Уставен суд пресече – ќе расправа дали УБК може да прислушува без судски налог

јуни 21, 2017

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да поведе постапка за утврдување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации. Мнозинството судии на седницата изразија сомнеж дека како што е уреден Законот, преку членовите 168 и оспорениот 175, на УБК и на МВР им се овозможува произволно и неконтролирано следење на комуникациите преку […]

Уставен суд денеска расправа дали УБК може да прислушува без судски налог

јуни 21, 2017

Уставниот суд ја почна расправата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации, со кој на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да ѝ овозможат на УБК да ги следи комуникациите во нивните мрежи, без судски налог“. Судија известител е Ангелина […]

Македонската амбасадорка во Белград повикана во српското МНР

мај 30, 2017

Амбасадорката на Македонија во Србија, Вера Јовановска, денеска итно била повикана на разговор во Министерството за надворешни работи на Србија, за да ги објасни околностите поради кои биле прислушувани телефоните на советникот во Амбасадата на Србија во Скопје, Горан Живаљевиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, и на новинарот на весникот […]

СЈО „на работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“

април 24, 2017

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“, во врска барањето за СЈО за претрес на компјутерските системи, а во рамките на истрагата за масовното прислушување. „Во просториите на „Македонски телеком“ денеска е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се […]

Локалните избори, СЈО и прислушувањето ги нема на агендата на Уставниот суд до 10 мај

април 22, 2017

Уставниот суд, првата седница по велигденските празници и по Први мај ја закажа за 10 мај, а на неа, според објавената агенда, судиите ќе расправаат по само две иницијативи. На дневен ред на седницата ги нема клучните иницијативи, за кои има најголемо интересирање во јавноста, односно оние за Законот за Специјалното јавно обвинителство, за локалните избори […]

Уставните судии ја одложија расправата за прислушувањето преку телеком-операторите

март 29, 2017

Уставните судии денеска го одложија за една од наредните две седници разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Причина за ваквата одлука, како што беше истакнато на денешната седница, е обемниот материјал доставен во прилог на иницијативата. Разгледувањето на оваа иницијатива требаше да […]

Страна 3 од 10