fbpx

Во време на „бомби“, во прашање е доведено работењето на Советот за граѓански надзор на прислушувањето

-

Во период во кој прислушувани разговори секојдневно се користат како „политички бомби“, во прашање е доведена работата на Советот за граѓански надзор, тело кое беше основано за да врши надзор врз мерките за следење на комуникациите, покажува извештајот за работењето на Советот во 2019 година доставен до македонското Собрание.

Советот, кој е составен од претседател и шест членови првата конститутивна седница морал да ја одржи во просториите на Фондацијата „Метаморфозис“ бидејќи сè уште не биле обезбедени простории за неговото функционирње.

Во извештајот се вели дека ова надзорно тело не било во можност да ја извршува својата функција и да разгледува претставки во однос на следењето на комуникациите бидејќи не биле обезбедени компјутери, сеф, телефони, печат архива и останати неопходни материјално-технички услови за работа.

„Исто така, неможноста на Советот да спроведе надзор произлегуваше и од добивањето на безбедносни сертификати на претседателот и членовите чија постапка траеше повеќе од предвидениот рок и се уште еден од членовите нема информација по неговото барање“, пишува во извештајот.

Во него, се укажува дека во Законот за следење на комуникациите се предвидени условите за работа на Советот односно се вели дека просторните услови за работа ги обезбедува Собранието, а дека финансиските средства се обезбедуваат од државниот буџет.

„Овие законски одредби во однос на условите за работа на Советот беа оценети како недоволно јасни и прецизни во самиот закон и недоволни за да може Советот да ги добие средствата кои што реално беа обезбедени во буџетот на Собранието и наменети за функционирање на Советот во соодветна поткатегорија, но во рамките на буџетот на Собранието“, пишува во извештајот.

Претставници на Советот за граѓански надзор во насока на изнаоѓање решение за неможноста за функционирање оствариле средби со претседателот на Собранието, премиерот, претседателот на државата, претставници на ЕУ и други институции и побарале автентично толкување на Законот за следење на комуникациите, но проблемот се уште не бил решен.

Со оглед на тоа што Собранието е распуштено, извесно е дека ваквата состојба ќе потрае до изборите односно до формирањето на новото Собрание.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...