fbpx

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи

-

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 отсто од обработените 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи.

Најголема излезност има во Општина Новаци, над 67 проценти, а најмалку во Пласница, каде што околу 15 проценти од запишаните гласачи го оствариле своето право на глас.

Од ДИК на прес-конференција изјавија дека засега изборниот процес се одвива мирно, а до затворањето на гласачките места има уште час и половина.

Според компаративните податоци, до 17 часот за 9 проценти е поголема излезноста на граѓаните, во споредба со претходните претседателски избори во 2019 година.

Досега до ДИК се пристигнати 308 приговори, од кои 75 биле прифатени и на гласачите им било овозможено правото на глас, 27 се отфрлени а 38 се одбиени, додека останатите се во процес на обработка.

МВР претходно соопшти дека пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање. Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко, Охрид и Берово. За одредени неправилности во текот на гласањето претходно се огласи и Јавното обвинителство.

Од Државната изборна комисија се надеваат дека пред полноќ ќе бидат обработени над 50 отсто од гласачките ливчиња, а изутрина веќе ќе ги имаат прелиминарните резултати од претседателските избори.

Првиот круг од претседателските избори се одржува денеска, а во трка се седум кандидати. Евентуалниот втор изборен круг ќе се одржи на 8 мај 2024 година, истовремено со одржувањето на редовните парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.