четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вирус | 64 резултати

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

март 23, 2024

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно […]

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

март 22, 2024

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична формулација се алудира дека вирусот е намерно пуштен, што не е […]

Короната не е измислица, а Русија е таа која започна војна

јули 13, 2023

Во овој пост се споделуваат две дезинформации истовремено. Првата е дека короната, односно коронавирусот е измислица. Втората е дека некој води војна со Русија. Но, коронавирусот не е никаква измислица, а Русија е таа којашто започна да води војна во независна и суверена земја, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Не е точно дека на повидок е нова пандемија на птичји грип

јуни 3, 2023

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Бил Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и […]

Фиктивно сценарио за пандемија извадено од контекст

декември 27, 2022

Во конкретниот случај се работи за монтажа на фиктивно сценарио за пандемија со вистински интервјуа од Бил Гејтс. Прикажан е видеоматеријал за симулација на пандемија во кој се презентира како би изгледало справувањето со пандемијата и како тоа би било објавувано на вестите, а во горниот десен агол од мониторот е испишано дека станува збор […]

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

декември 25, 2022

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно […]

Коронавирусот постои, за три години починаа над 6,6 милиони ширум светот

декември 20, 2022

Коронавирусот SARS-CoV-2, што ја предизвикува болеста ковид-19,  беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран неговиот генетски материјал РНК, а тоа го потврди  СЗО. Наспроти тврдењето во постот дека пандемијата со коронавирусот е измислена, ковид-19 постои, за што говорат бројките на заболени и починати од вирусот во изминативе три […]

Свињите се еутаназираат поради африканската чума, а не поради скриена агенда

септември 30, 2022

Наспроти невистинитото тврдење во постот, станува збор за моментална депопулизација и еутаназија само на еден вид животни – свињите и тоа поради вирусот на африканска чума којшто се шири низ фармите во Македонија. Од АХВ информираат дека постои разлика како ќе се третираат животните во зависност од тоа каква е фармата и дали се придржува […]

Вистиномер: Пандемијата на ковид-19 е реална и постои, не ја измислуваат медиумите

август 12, 2022

Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од […]

Нов случај на африканска чума во Македонска Каменица

јули 27, 2022

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица. „По поднесената пријава за сомнеж на […]

Вистиномер: Со невистини и манипулации се бара итно запирање на сите вакцини

јули 10, 2022

Фејсбук објава, која е дел од антиваксерската кампања, ги наведува читателите да веруваат дека 40.000 луѓе починале само затоа што се вакцинирале, што не е точно. Како поткрепа на оваа неточна информација се користат цитати и изјави од псевдоорганизација која прави голема штета на колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме […]

Мајмунските сипаници многу тешко се пренесуваат за да бидат опасни, велат експертите

мај 23, 2022

Пандемијата од ковид-19 нема замав во последните месеци, но затоа појавата на мајмунските сипаници предизвикаа големо внимание во јавноста. Медицинските експерти велат дека простор за паника нема заради тоа што овие сипаници многу тешко се шират за да бидат опасни, а и бројот на случаи е мал на светско ниво. Епидемиологот проф. д-р Александар Стојанов […]

Вистиномер: Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19

јануари 20, 2022

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел […]

Нови 419 случаи на Ковид 19, осум починати и 211 оздравени за 24 часа

декември 8, 2021

Во последните 24 часа од 3.285 тестирања, регистрирани се 419 нови случаи на Ковид-19, како и осум починати лица и 211 оздравени пациенти. Најголем број нови случаи има во Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип – 14, Куманово – 9, Велес и […]

Филипче: Вирусот има широка инфекција, ако е потребно ќе се воведат нови мерки

септември 15, 2021

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, било заклучено утрово на редовна координација на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на клиниките. „Во ковид-центрите низ државата има […]

Вистиномер: Првичните сознанија за ламбда сојот се загрижувачки

септември 2, 2021

Ламбда сојот на корона вирусот се уште не е детектиран во Северна Македонија, но го има и во Британија, и во Австрија, и во Италија. Првите сознанија, иако неревидирани од научната заедница, упатуваат на загриженост, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Во лабораториите на МАНУ и на Институтот за јавно […]

Вистиномер: Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид

август 30, 2021

Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и […]

Вистиномер: Антедатирана објава на Фејсбук манипулира дека вирусот бил предвиден пред 12 години

август 20, 2021

Овој пост се прикажува како дека е објавен на 29 јули 2009 година, а всушност е објавен на 29 јули оваа година. Вистинскиот датум на објавата се гледа веднаш под името на тој што ја објавил, на знакчето што изгледа како часовник. Освен манипулацијата со датум на објавата, статусот е проблематичен и затоа што изнесува […]

Филипче: Децата во Гевгелија имаат обична вирусна инфекција што не е поврзана со ковид

јули 10, 2021

Нема простор за паника, овие случаи немаат никаква директна врска со ковидот, станува збор за обична вирусна инфекција со т.н. синцицијален вирус. На овој начин министерот за здравство Венко Филипче денеска ги објави резултатите од направените анализи на крвта на десетици деца кои во болницата во Гевгелија се јавиле со респираторни проблеми. „Тоа што сакавме […]

Состојбата е стабилна и нема да има дополнителни рестрикции поради индискиот сој на ковид-19, вели Филипче

јуни 21, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека епидемиолошката состојба со корона вирусот кај нас е стабилна, а тоа го потврдуваат малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием и малиот број на прегледи. Во однос на ризикот од новиот индиски сој, во следниот период не планираат никаква […]

Страна 1 од 3