Ламбда сојот на корона вирусот се уште не е детектиран во Северна Македонија, но го има и во Британија, и во Австрија, и во Италија. Првите сознанија, иако неревидирани од научната заедница, упатуваат на загриженост, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:
Се работи за тројна мутација. Постои. Кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење животи, апелираше докторот.
Откако е идентификувана во Перу, ламбда варијантата се шири во Јужна Америка. Последниве четири седмици, 50 случаи на ламбда сојот се идентификувани во Чиле.
Тие правеле експерименти во лабораторија. Три мутации на спајк протеинот од ламбда корона вирусот со стручно кодно име RSYLTPGD246-253N, 260 L452Q и F490S, предизвикуваат антителата од вакцината да бидат неутрализирани.
Две мутации наречени T76I и L452Q, го прават ламбда сојот да е поинфективен.
Во труд објавен, но уште непрегледан од медицинската заедница, истражувачите предупредуваат дека ламбда ќе биде идна закана.
И водечкиот истражувач, Кеи Сато, од Универзитетот во Токио, верува дека ламбда може да биде закана за општествата, објави Ројтерс.
Според нивните резултати, има парцијална резистентност за неутрализација, но „не е веројатно дека ќе предизвика сериозна загуба на заштитата од инфекција кај вакцинираните“. Сепак, нивната анализа на спајк протеинот на ламбда варијантата на корона вирусот покажува двојно зголемување во инфективноста.
Во САД се потврдени се 843 случаи со ламбда варијантата во 44 држави. До 11 август, пак, имало 8 случаи на инфицирани со овој сој во Велика Британија, сите во Англија. Сите случаи биле поврзани со патување во странство.
Доктор Марија Ван Керкхов од Светската здравствена организација вели дека СЗО го следи овој сој за да види дали треба да биде класифициран како „варијанта што предизвикува загриженост“.
Ова би се случило ако варијантата демонстрира карактеристики на зголемена преносливост или ако се покаже дека е поразорна и пожестка.
Во С. Македонија постои техничка можност оваа варијанта да биде откриена и да биде секвенционирана во лабораториите во Институтот за јавно здравје и во МАНУ. Но, досега таков случај не е пронајден, а доминантна во земјава останува делта варијантата на корона вирусот, пишува „Вистиномер“.