четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: kovid19verifikacijamkd | 274 резултати

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 немаат штетни последици врз мајките и врз нивните бебиња

21 март 2022

Tврдењето дека „бебињата на вакцинираните родители се раѓаат без белиот дел од окото“ се неточни. На интернет се прошири ваква дезинформација преку објавување видео од бебе во болница, кое е предвреме родено. Меѓутоа, мајката на бебето, за странски проверувачи на факти изјави дека не само што не се вакцинирала, туку дека нејзиното бебе е родено […]

Вистиномер: Фејсбук објава неаргументирано шири апел родителите да одбиваат вакцини за бебињата и децата

19 март 2022

Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година, пишува „Вистиномер“ […]

Вистиномер: Ковид дезинформациите опасни исто колку и коронавирусот

16 март 2022

Не е реткост на социјалните мрежи да се шират наративи за вакцините против ковид-19, кои не само што ја поткопуваат довербата за нивната ефикасност, туку во себе содржат и теории на заговор, односно недокажани, непоткрепени тврдења, според кои една мала група на „злобници“ сакаат да го уништат останатиот дел од светот. А, сето тоа заради […]

Вистиномер: Тодор Петров спинува за постоењето на лаборатории за биолошко оружје во Украина

14 март 2022

Објавата на СМК и Тодор Петров дека САД поседуваат биолабаратории во Украина, којашто стана многу вирална и популарна на социјалните мрежи, особено на оние канали каде што секојдневно се споделуваат дезинформации и шпекулации поврзани со руската инвазија на Украина, е класичен спин во обид  да се одбрани рускиот терор во Украина. Оваа конспирациска теорија ја […]

Вистиномер: Состојбата со ковид-19 се подобрува, но тоа не значи дека вирусот исчезнал или дека се прскал од авиони

12 март 2022

Иако трендот на новодијагностицирани лица заразени од ковид-19 во земјава се намалува, не значи дека коронавирусот исчезнал. Според ИЈЗ, од 21 до 27 февруари, од 19.217 направени тестови, 18.6 проценти биле позитивни на ковид-19. Истата недела, пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови, а хоспитализирани се 337 лица. Освен тоа, неверојатно е намерно, преку […]

Вистиномер: Со кју-ар (QR) кодот за вакцинација не се креираат информации за ,,социјален кредитен систем”

1 март 2022

Не е вистина дека со кју-ар (QR) кодот генериран при вакцинација, се складираат информации за тоа колку сметки има оној кој се вакцинира, колку должи, дали поседува оружје, колкав е кредитниот рејтинг итн. Кју ар кодот содржи само податоци за примената вакцина,  резултат од ПЦР тест и ништо повеќе, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Вистиномер: Вакцините против ковид не го десеткуваат имунитетот и не предизвикуваат СИДА

28 февруари 2022

Вакцините против ковид-19 не го намалуваат или десеткуваат имунитетот на вакцинираните, како што се тврди во објавата, ниту пак, предизвикуваат синдром на стекната имунодефициенција (ВАИДС) – таканаречена нова состојба којашто антиваксерите ја споредуваат со СИДА. Во реалноста, не постои такво нешто како ВАИДС, а истражувањата покажуваат дека достапните вакцини против ковид-19 им обезбедуваат на примателите […]

Вистиномер: Скринингот на учениците се прави со согласност на родителите и со него не се врши геноцид врз децата

27 февруари 2022

Како што соопштија здравствените власти, скринингот ќе се спроведува исклучително со согласност од родителите. Таква согласност беше испратена до сите родители и само оние кои ќе ја потпишат согласноста, нивното дете ќе биде тестирано за коронавирус. Со ПЦР тестовите се бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за тестирањето е брис, кој […]

Вистиномер: Вакцините не се ѓаволски течности произведени од абортирани бебиња

27 февруари 2022

Независно на кои вакцини се мисли во постот, на оние против коронавирусот или против други болести, неточно е тврдењето дека се прават абортуси за да се добијат вакцини. За да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Овие фетални клеточни линии не се земени од неодамнешни […]

Вистиномер: Не е точно дека спајк протеинот во вакцината против ковид-19 е отровен

26 февруари 2022

Голем број медицински и научни извори се согласуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и го има во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук кој […]

Вистиномер: Нема докази дека вакцината предизвикува спонтан абортус, смрт и дека го менува генетскиот код

26 февруари 2022

Во светот постои вообичаена стапка на спонтани абортуси. Тие се случуваат без вакцинација или со вакцинација, односно независно од вакциналниот статус на жената. Во врска со тврдењето дека вакцината е генетска, од досега презентираните официјални факти, познато е дека вакцините против ковид-19 не се генетска терапија затоа што тие не се дизајнирани да ги променат […]

Вистиномер: Не е точно дека за целосно вакцинирани во земјава се сметаат само граѓаните со примена трета доза вакцина

24 февруари 2022

За целосно вакцинирани лица се сметаат граѓаните кои примиле две дози вакцини, а по втората доза поминале најмалку 14 дена, а не оние кои примиле трета (бустер) доза, за што впрочем говорат и извештаите на Институтот за јавно здравје и на Министерството за здравство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Вистиномер: Не е вистина дека не постои ковид, туку само ,,антиковид отровни лекарства”

23 февруари 2022

Kовид-19 постои и е изолиран во лабораторија во официјална постапка. На 7 јануари 2020 година, Кина го изолира вирусот и го идентификуваше како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со СЗО. СЗО има објавено и водич за детално користење на сите лекови кои се одобрени за третирање ковид-19, кој е редовно ажуриран. […]

Вистиномер: Дезинформација е дека „вакцината шири вирус“

22 февруари 2022

Од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во државата 37.650.239 луѓе примиле трета доза вакцина. Британските здравствени власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај постари од 50 години е ефикасен против хоспитализација кај 98,8 отсто […]

Вистиномер: Вакцинираните не добиваат свој број и нема докази дека за неколку години ќе паѓаат како мушички

20 февруари 2022

Не е точно дека на лицата коишто се вакцинирани против ковид-19 им е доделен каков било број и тоа од сопствено искуство им е познато на сите кои се вакцинираа во Северна Македонија. На нивниот вакцинален сертификат единствено се впишани бројот на серијата и производителот на вакцината, како и датумот на аплицираната доза, пишува „Вистиномер“ […]

Вистиномер: Смртните случаи од ковид не растат со бројот на вакцинираните

19 февруари 2022

Вакцинацијата не придонесува за смртноста во Северна Македонија, а за тоа има повеќе показатели. Како еден од тие показатели е фактот што смртноста во државата почна да расте уште пред воопшто да постои вакцината и земјава за првпат во 2019 година влезе во состојба на негативен природен прираст. Секојдневните статистики од Министерството за здравство покажуваат […]

Вистиномер: ПЦР тестирањето не е прикриена програма за вакцинација

18 февруари 2022

Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат […]

Вистиномер: Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

18 февруари 2022

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човечката крв, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири дезинформации за безбедноста на […]

Вистиномер: Нема графен оксид во вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник“

17 февруари 2022

Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а тоа го покажуваат и официјалните извештаи од медицински професионални здравствени агенции. […]

Вистиномер: Има евидентирани починати лица од ковид кои примиле бустер доза, а имале коморбидитети

16 февруари 2022

Изјавата на министерот за здравство Беким Сали дека нема евидентирано починати лица со примена трета доза вакцина кои имале коморбидитети, е спротивна на изјавите на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ. Тие информираа дека во анализата на ИЈЗ – спроведена во периодот од 1 до 31 јануари, се евидентирани […]

Страна 1 од 14