fbpx
Таг: Kovid19verifikacijamkd

таг: kovid19verifikacijamkd

Вистиномер: ПЦР тестирањето не е прикриена програма за вакцинација

Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот...

Вистиномер: Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човечката крв, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири дезинформации за безбедноста на вакцината на „Фајзер“. Постот тврди дека...

Вистиномер: Нема графен оксид во вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник“

Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а тоа го покажуваат и официјалните извештаи од медицински професионални здравствени агенции. И на официјалната веб-страница...

Вистиномер: Има евидентирани починати лица од ковид кои примиле бустер доза, а имале коморбидитети

Изјавата на министерот за здравство Беким Сали дека нема евидентирано починати лица со примена трета доза вакцина кои имале коморбидитети, е спротивна на изјавите на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ. Тие информираа дека во анализата на ИЈЗ – спроведена во периодот од 1 до 31 јануари, се евидентирани 6 починати лица кои...

Вистиномер: Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“

Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту пак го крие фактот...

Вистиномер: Не е точно дека невакцинираните не умираат

Не е вистина дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста, а кои покажуваат дека поголемиот дел од починатите лица се невакцинирани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се...

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 не се ,,лажни” и не се услов да се задржи работното место

Не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Во С. Македонија, никој не принудува никого да се вакцинира. Вакцината против...

Вистиномер: Од небо не нè запрашуваат со коронавирусот, а детектирањето на новите соеви е со секвенционирање

Нормално е вирусите со текот на времето да се менуваат и еволуираат додека се шират меѓу луѓето. Секојпат кога вирусот се реплицира (прави копии од себе), постои потенцијал да има промени во неговата структура – „мутации“. Единствениот начин да се идентификуваат и карактеризираат новите варијанти е со геномика. Секвенционирањето на целиот геном е важен метод за генетско карактеризирање на...

Вистиномер: Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19

Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето заштитни маски. Петличковски, пак, изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари 2022 година, во контекст...

Вистиномер: Лага е дека СЗО плаќа за евидентирање на починатите од ковид-19

Семејствата на починатите не одредуваат што е причината за смртта по пат на избор, туку тоа го прават лекарите, овластените и стручни медицински власти, согласно дијагнозата и текот на хоспитализацијата, а за сето ова постои комплетна документација во здравствените установи, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на Фејсбук во кој немедицинско и непоткрепено со факти тврдење...

Вистиномер: Лага е дека со одбивање вакцини ,,си ги спасувате бебињата”

Имунизацијата претставува едно од најзначајните и најисплатливите достигнувања на јавното здравство во денешницата, бидејќи кога најголем број деца од една заедница се вакцинирани, поединечните случаи на заболувања ретко прераснуваат во епидемија. Меѓутоа, доколку некои од децата не ги добијат потребните вакцини, зголемен е ризикот од заболувања за сите. Благодарение на вакцините, некои болести, како што се големите сипаници, целосно...

Вистиномер: Пациентите со ковид-19 не се трујат со отровни лекови и не умираат исклучиво во болнички услови

Тврдењата за теории на заговор за ковид-19, труење на здрави луѓе во болниците, умирање исклучиво во болнички услови, но и „етикетирање“ на лекарите и новинарите како убијци и креатори на лажни вести, се опасни и штетни во битката со пандемијата од коронавирусот. Министерството за здравство има обезбедено терапија за болните од ковид-19 и ги следи новите третмани за лекување...

Вистиномер: Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета доза за младите, а...

Вистиномер: Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање

Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите...

Вистиномер: Не е точно дека Црвениот крст не прима крв од вакцинирани лица

Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту, пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот Црвен крст има објаснување коешто демантира дека тие што примиле вакцина не смеат да даваат крв, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката...

Вистиномер: ПЦР тестот не е неточен и не е судски дискредитиран

Во објавата се тврди дека судски е потврдено оти ПЦР тестот е неточен при детектирање на коронавирусот. За вакво ударно и драматично тврдење не може да се најде никаква потврда или доказ. Пребарувањата на Гугл за ваква судска одлука не даваат резултати ниту на македонски јазик, ниту на англиски јазик. Да е навистина донесена ваква судска одлука тоа ќе...

Вистиномер: Грипот и настинките не се регистрираат како ковид-19 за да се создаде лажна пандемија

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една...

Вистиномер: Не е точно дека Владата го разгледувала предлогот вакцината против ковид-19 да стане задолжителна

Од Министерството за здравство демантираа дека се размислува вакцината против ковид-19 да стане задолжителна. По завршувањето на седницата, Владата информираше дека е усвоен предложениот План за задолжителна имунизација за 2022 година, а  во него не е предвидено вакцината против ковид-19 да се воведе како задолжителна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук пласира вест...

Вистиномер: Во Австралија судиите не се ослободени од вакцинација

Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа што во Австралија се...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...