fbpx

Короната не е измислица, а Русија е таа која започна војна

Русија е таа што војува против Украина во обид да заземе што поголем дел од нејзината суверена територија, кршејќи го меѓународното право, а како последица на воената агресија има и голем број на жртви

-

Во овој пост се споделуваат две дезинформации истовремено. Првата е дека короната, односно коронавирусот е измислица. Втората е дека некој води војна со Русија. Но, коронавирусот не е никаква измислица, а Русија е таа којашто започна да води војна во независна и суверена земја, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Објава  на Фејсбук тврди дека коронавирусот е измислица и дека тие што ја измислиле сега водат војна со Русија. Ова е неточно, ниту некој ја измислил короната, ниту пак, некој води војна со Русија, туку напротив, Русија започна војна во Украина.

Короната не е измислица на Русија
Тој што ја Пушти води војна со Русија изберете си страна ке ви треба за во иднина, пишува во постот.

На објавата којашто е предмет на оваа рецензија се споделуваат две дезинформации истовремено. Првата е дека короната односно коронавирусот е измислица. Втората е дека некој води војна со Русија.

Во објавата којашто е предмет на оваа рецензија се споделуваат две дезинформации истовремено. Првата е дека короната односно коронавирусот е измислица. Втората е дека некој води војна со Русија.

 

Коронавирусот не е измислица

Коронавирусите се големо семејство на вируси познати на науката. Тие предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни состојби како блискоисточен респираторен синдром (MERS-CoV) и тежок акутен респираторен синдром (SARS-CoV).

Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација (СЗО) потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година.

Ковид-19 или SARS- CoV-2, претставува дефиниран вирус. Tој според својата геномска структура припаѓа на родот бета-коронавируси. Сите хумани бета-коронавируси (SARS-CoV-2, SARS-CoV, и MERS-CoV) имаат слични карактеристики, но имаат разлики во нивната геномска и фенотипска структура, што ја менува патогенезата, односно симптомите и знаците на заболувањето, како и неговата сериозност.

Постојат повеќе извори и научни студии кои докажуваат дека вирусот SARS-CoV-2 e изолиран, но, исто така, е направено и комплетно секвенционирање на геномот на вирусот. Тоа значи дека комплетниот генетски материјал на вирусот причинител на ова заболување е изолиран од назофаринксот на пациент и е докажано неговото постоење, како и неговиот уникатен генетски материјал што тој го содржи.

Така што, наспроти тврдењето дека короната е измислена, тоа не е вистина, а тоа го потврдуваат бројките на заболени луѓе и починати од вирусот на светско ниво во изминативе три години.

Според официјалните податоци на СЗО во светски рамки досега од коронавирусот заболеа 767.726.861 лица, а дури 6.948.764 починаа од компликации (состојба од 5 јули 2023).

И денес (06.12.2022) на официјалната страница на СЗО може да се види дека има нови заболени од коронавирусот – 168.668 случаи се пријавени во последните седум дена ширум светот.

Впрочем, секој од нас или бил или има роднини, пријатели или колеги кои биле заболени од вирусот, па не може вака тенденциозно и лажно да се тврди дека вирусот е измислица.

Русија е таа која нападна независна држава – Украина

Второто неточно тврдење коешто е дел од Фејсбук објавата е дека „тој што ја пуштил короната, води војна со Русија“. Ова е неточно.

Никој не ја нападнал Русија. Напротив, Русија ја нападна Украина која е независна, суверена земја со своја територија и меѓународно признати гаранции.

На 24 февруари 2022 година Русија започна ракетни напади на локации низ цела Украина, вклучително и главниот град Киев. Руски копнени сили влегоа на украинска територија, по што претседателот на Украина, Володимир Зеленски одговори со воведување воена состојба, прекин на дипломатските односи со Русија и општа мобилизација. Оваа инвазија е најголем воен напад во Европа после Втората светска војна и е предмет на широка меѓународна осуда, како и санкции против Русија.

Русија е таа што војува против Украина во обид да заземе што поголем дел од нејзината суверена територија, кршејќи го меѓународното право, а како последица на воената агресија има и голем број на жртви.

Во Повелбата на ОН се вели:

Сите членки треба да се воздржуваат во нивните меѓународни односи од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава, или на каков било друг начин којшто не е конзистентен со улогата на ОН.

Легалниот концепт на „завојувана страна“ потекнува од интернационалното право од 19 и 20 век. Да се стане страна во конфликтот бара формална декларација за војна или директно учество во специфични борбени операции.

Русија го прекрши ова начело кога ја нападна Украина во февруари 2022 година. Повелбата на ОН уредува дека во таков случај, сите држави имаат право да се бранат, индивидуално или колективно. Германски експерти за Дојче Веле тврдат дека Русија е единствената страна којашто го злоупотребува интернационалното право.

Од сите наведени факти заклучуваме дека ниту вистина дека коронавирусот е измислица, ниту е вистина дека некој води војна со Русија.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...