fbpx

Арсовска и Мазнева не дојдоа на вонредната седница за сметот со градските советници

Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на денешната седница на Град Скопје изјави дека советниците немаат со кого да дебатираат и дека тоа го смета за крајно несериозно. 

-

Вонредна седница на Советот на Град Скопје беше свикана денес за несобирањето на ѓубрето кое деновиве го преплави Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не се појави на вонредната седница, исто како и директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева.

Според вчерашните изјави, тие проблемот со ѓубрето, односно со еколошката катастрофа која траеше четири дена, веќе го сметаат за решен, а на седницата на градскиот Совет требаше да се дебатира за изнаоѓање решение.

Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на денешната седница на Град Скопје изјави дека советниците немаат со кого да дебатираат и дека тоа го смета за крајно несериозно.

„Ве замолив да интервенираме да ги повикаме уште еднаш да дојдат, бидејќи нема нешто што е поважно во моментов, освен не дај боже да е загрозена нивната здравствена состојба. Тоа би било само единствено оправдување да не се денеска тука, нема ништо поважно од тоа да се денеска тука и да дебатираме, ни се случуваат проблеми, не само нам, им се случуваат проблеми на граѓаните на Скопје. Денеска е ова, утре ќе биде нешто друго, задутре ќе биде уште пострашно, затоа треба да сме денеска тука, да дебатираме“, рече Андоновска.

Проблемот со ѓубрето се претвори во политички натпревар за односи со јавност

Во целосен хаос и блокада помина викендот во главниот град, откако вработените во „Комунална хигиена“ почнаа протести и не го чистеа ѓубрето, Скопје почна да наликува на депонија, а надлежните институции топката, преку политички препукувања, си ја префрлаа едни на други.

Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...