fbpx
Таг: вирус

таг: вирус

Во Индија откриени три случаи на Зика

Во Индија пријавени се три случаи на вирусот Зика, вклучувајќи и две трудни жени, кои и покрај вирусот родиле здрави деца. Од Министерството за здравство соопштуваат дека тројцата пациенти се закрепнати и дека нема потреба за паника. Од таму додаваат дека тројцата пациенти го добиле вирусот во државата затоа што не патувале надвор од земјата. Вирусот го шират комарци познати како комарци...

Вирусот „вонакрај“ можеби е дело на Северна Кореја

Компании за компјутерска безбедност велат оти постојат знаци дека Северна Кореја може да е поврзана со глобалниот кибер-напад преку вирусот „вонакрај“ (WannaCry), кој зарази неколку стотици илјади компјутери во повеќе од 150 земји. Според првичните заклучоци за изворот на масовниот хакерски напад со вирусот што ги заклучува документите и бара да се плати откуп за да ги отклучи, има многу...

Вирусот „вонакрај“ заразил повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји

Масовниот кибер-напад во петокот со компјутерскиот вирус „wannacry“ (вонакрај) погодил 200.000 жртви во 150 земји, вели шефот на Еуропол, Рон Вејнрајт за „Би-би-си“. Тој вели дека нападот бил многу голем, како и дека утре наутро може да има и нови напади. Вирусот е од категоријата „рансомвер“, што значи дека ги заклучува сите документи на заразените компјутери и ако корисникот сака...

Вирусот „вонакрај“ направи хаос

Корпорацијата „Мајкрософт“ објави закрпи за оперативните системи „windows XP“, „wIndows 8“ и „windows server 2003“, чија поддршка е прекината, за да овозможи подобра заштита од вирусот, поточно малверот „wannacry“, кој втор ден напаѓа компјутери во светот. Инаку, еден британски експерт за компјутерска безбедност претпладнево објави дека го нашол „прекинувачот“ со кој се прекинува ширењето на оваа злобна компјутерска програма. - Британската...

Овчи сипаници ги испразнија училиштата и градинките, регистрирани 3.025 случаи

Во училиштата и во градинките е забележан зголемен број на деца со овчи сипаници, па така во некои одделенија речиси половина од учениците отсуствуваат од настава поради појавата на овој вирус. Информацијата дека во овој период е регистрирано релативно зголемување на бројот на лица заболени со овчи сипаници, за „Мета“ ја потврдија и од Институтот за јавно здравје. „Во 2017 година регистрирани се 3.025...

Птичји грип регистриран во Македонија, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство регистрирала присуство на високозаразната болест авијарна инфлуенца (птичји грип), тип АХ5Н8, кај живина во стуршкото село Мороишта, соопшти денеска на прес-конференција директорот на агенцијата, Зоран Поповски. Според Поповски, вирусот е опасен за живината, но не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана за нивното здравје. – Првиот случај е детектиран...

Албанија го забрани увозот на живина од ЕУ поради птичји грип

Албанија привремено го забрани увозот на живина од земјите на Европска Унија кои пријавиле случаи на птичји грип. Министерството за земјоделство на Албанија денеска забрани увоз на пилешко месо од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија и од Швајцарија, односно од земјите кои пријавиле слуачи на птици заразени со вирусот птичји грип. Албанија, но и други европски земји, имаа епидемија...

Во Сингапур 41 лице заразени со вирусот зика

Повеќе од 40 лица се инфицирани со вирусот зика во Сингапур, но поголемиот дел од нив целосно заздравуваат, соопштија денеска властите на таа земја. Сингапур го регистрира првиот случај на заболен од зика во мај годинава. Вирусот во земјата го внесе 48-годишен маж кој патувал во Бразил, центарот на епидемијата на оваа болест. Министерството за здравство на Сингапур денеска потврди дека има 41...

Во Тексас почина бебе од вирусот зика

Бебе родено со тешки оштетувања на мозокот поради вирусот зика почина во сојузната американска држава Тексас, што е прв смртен случај од овој вирус во САД, соопштија денеска локалните санитарни власти. „Бебето почина набрзо по раѓањето. Тоа е прв смртен случај од вирусот зика во Тексас“, стои во соопштението. Во Тексас се регистрирани 97 лица инфицирани со вирусот зика, од кои...

СЗО: Жолтата треска однесе 178 жртви во Ангола

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека жолтата треска што се појави во декември минатата година, однесе 178 животи во Ангола, а 450 лица се погодени од таа болест. Организацијата оценува дека станува збор за појава на најлош облик на таа болест во последните 30 години. Во соопштението на СЗО се наведува дека 5,7 милиони луѓе се вакцинирани против вирусот на жолта треска,...

Интензивни подготовки во САД поради вирусот зика

Процесот за итни операции како подготовка против ширењето на вирусот зика за време на летната сезона, американскиот центар за контрола на заразни заболувања го активира на највисоко ниво. Претходно Белата куќа соопшти дека ќе побара од Конгресот една милијарда и 800 милиони долари за борба против овој вирус. Парите, главно, ќе бидат искористени за контрола на подрачјата каде што се...

Во Колумбија 3.100 жени заразени со вирусот зика

Повеќе од 3.100 бремени жени во Колумбија се заразени со вирусот зика, што се пренесува преку убод од комарци, информираше претседателот на оваа земја, Хуан Мануел Сантос, додека болеста продолжува брзо да се шири низ Америка. Со оваа болест во Колумбија се заразени повеќе од 25.600 лица, рече Сантос во текот на средбата со претставници на здравствените власти, што била...

Во Колумбија три смртни случаи од вирусот зика

Три смртни случаи во Колумбија се последица на вирусот зика, кој е во експанзија во Латинска Америка, потврди колумбискиот институт за здравје. - Можам да потврдам дека три смртни случаи се последица на вирусот зика - изјави Марта Луција Оспина, директорка на институтот, и додаде дека трите лица го имале синдромот Гилен-Баре. Синдромот ја предизвикува оваа неуролошка болест која може да доведе во...

Во Перу забележан прв случај на вирусот зика

Властите во Перу соопштија дека во оваа земја е регистриран првиот потврден случај на опасниот вирус зика. Вирусот го донел маж од Венецуела, кој живее во Лима, а неодамна ја посетил Колумбија. Министерот за здравство на Перу, Анибам Веласкес, рече дека очекува уште случаи на лица што го добиле вирусот во странство. Тој додаде дека пациентот е изолиран и дека се преземаат чекори за...

Нов смртен случај од ебола во Сиера Леоне

Нов случај на починат од болеста ебола е регистриран во западно-африканската држава Сиера Леоне, официјално потврдиле официјални лица на земјата, само неколку часа откако Светската здравствена организација (СЗО) објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне беше прогласена за слободна од вирусот на ебола на 7 ноември минатата година, а целиот регион беше прогласен за исчистен...

32 лица починаа од вирусот БИРС во Јужна Кореја

Вкупната бројка на починати поради заразата со блискоисточниот вирус (БИРС) во Јужна Кореја се искачи на 32 лица. Јавноста и Министерството за здравство на Јужна Кореја не запираат со острите критики на болницата „Самсунг“, која се смета за една од најелитните во државата, а во која несовесно и нестручно се реагирало при дијагностицирањето на првите симптоми на БИРС на 19 мај...

Напад на „Фејсбук“ со заразена порнографска видеоснимка

Експертот за информатичка безбедност Мухамед Фагани објави дека открил напад извршен на социјалната мрежа „Фејсбук“ преку злонамерна програма скриена во порнографски видеозапис. Станува збор за „ефикасен“ напад затоа што се проценува дека за време на него се заразени повеќе од 110.000 компјутери за само два дена. Постапката е многу едноставна: пријателите на интернет-корисникот со него споделуваат порнографска видеосодржина на „Фејсбук“, тој го...

Од ебола досега умреле 7.842 лица

Бројот на жртвите од ебола во трите најпогодени земји во Западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, се зголеми на 7.842, соопшти Светската здравствена организација. Во овие земји бројот на заболените од овој смртоносен вирус е 20.081. Повеќе од третина од потврдените заразени случаи се во Сиера Леоне, земјата која најмногу беше погодена од оваа болест. Генералниот секретар на Обединетите нации,...

Прв случај на ебола во Шкотска

Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола. Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а по деталните прегледи потврдено е присуството на овој вирус. Владата на Шкотска го потврди првиот случај...

Властите во САД и во Велика Британија стојат зад шпионскиот вирус „реџин“

Неодамна откриениот компјутерски вирус „реџин“ кој шпионирал влади и компании во 14 земји, наводно е направен во државни институции. Имајќи предвид дека досега не се откриени жртви во ниту една од петте англосаксонски држави, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и САД, експертите се сомневаат дека вирусот потекнува од споменатите држави. Експертите ги елиминираа Русија и Кина како потенцијални виновници,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...