fbpx

50 нови случаи на голема кашлица за само една недела, 9 од нив се хоспитализирани

Од вкупниот број на регистрирани случаи (399), 239 случаи не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација

-

Во периодот од 29 март до 4 април пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица, информира денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје (n=34), а пријавени се случаи и во Битола, Тетово и по еден случај во Гостивар, Кратово, Велес и во Гевгелија.

„Возраста на заболените се движи од 1 месец до 52 години, а најголем број на случаи се од возрасната група до 4 гоини. Од новите 50 случаи, 9 се хоспитализирани“, информира ИЈЗ.

Ако се погледнат кумулативните податоци, заклучно со 4 април, во Македонија се регистрирани вкупно 399 случаи на голема кашлица. Најголем број лица живеат во Скопје – 317, од 16 различни општини. Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години. Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10 до 14 години.

Од вкупниот број на регистрирани случаи (399), 239 случаи не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 10,9 години.

„Од заболените, хоспитализирани се 58 лица, и тоа 49 од нив на возраст до 4 години. Од службите за вакцинација во Скопје, беше утврдено дека се пронајдени 15.845 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 9.798. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина (5.213)“, наведено е во извештајот на ИЈЗ.

Апелите на докторите и епидемиолозите беа децата да се вакцинираат со Ди-Те-Пер вакцината. Д-р Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје, неодамна за Мета.мк изјави дека родителите треба да ги проверат вакциналните картончиња на нивните деца и доколку пропуштиле доза на вакцина или воопшто не ги вакцинирале, веднаш да се јават во вакциналниот пункт и да го вакцинираат детето согласно Календарот за вакцинација.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...