КЗБ: Децата што примиле три дози ДиТеПер во последниве 6 месеци, можат да се вратат во градинка

Единствениот услов е децата да се ревакцинираат во наредните шест месеци, наместо на една година, како што беше досега, соопшти Комисијата за заразни болести

-

Децата што примиле три дози ДиТеПер вакцина во последните шест месеци ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Практично, рокот за ревакцина е скратен на 6 месеци, наместо како што беше досега, на една година.

Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој ќе му биде доставен на разгледување на министерот за здравство Илир Демири.

„Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза“, рече претседателот на Комисијата, д-р Александар Петличковски.

И националната координаторка за имунизација, доктор Александра Грозданова рече дека од медицински аспект вакцинираното дете со три дози во последните шест месеци ќе биде оптимално заштитено за да може да продолжи во градинка, но под услов ревакцината да биде примена во наредните шест месеци.

„Имунолошкиот аспект од аспект на заштита на детето ќе биде целосен доколку се задоволени и двата услови. Во шесте месеци да бидат примени тие три дози од примо имунизацијата, но задолжително да се прими ревакцината, којашто временскиот период го скративме, наместо од последната доза на вакцина една година, го скратуваме на шест месеци. Тоа се препораките до родителите. Да го сфатат овој апел со цел нормално да соработуваме, но, приоритет е здравствената заштита на децата. Се’ уште епидемиолошката состојба е далеку од добра и се зголемува. Имаме во градинките, имаме во училиштата, во ризик ќе бидат и возрасните. Апелираме до родителите најитно да се упатат во вакциналните тимови и овој редослед на вакцини го остварат“, потенцираше Грозданова.

Петличковски оцени дека состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна.

„Во оваа состојба сме се довеле заради многу години наназад неодговорно однесување на многу граѓани. Податокот дека 50 проценти од децата во градинките се невакцинирани е поразителен за државата. Тука мора многу да работиме. Имаме разбирање и научна поткрепа дека овој олабавен начин на проценка на имунитетот со трите дози помага. Но не знам до кога ќе остане. Сега имаме над 200 заболени во државата и тој број ќе расте. Можно е наредните недели да излеземе со построги мерки зависно од развојот на ситуацијата“, рече тој.

Од Комисијата за заразни болести ќе апелираат до градинките да вршат поинтензивна проверката на вакциналните картони и притоа да биде вклучена и проверката за МРП вакцината за да не ни се случат две епидемии истовремено. Велат дека децата можат во ист ден да примат и ДиТеПер и МРП вакцина.

Приведен охриѓанец кој со остар предмет повредил три лица

Приведен е охриѓанец поради сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачки или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчеравечер после полноќ, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со...