fbpx
Таг: вакцинација

таг: вакцинација

Над 61.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип – вакцинацијата најдобра превентивна мерка

Министерството за здравство информира дека од месец ноември досега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип. Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на...

Не постои никаков сатански систем кој дава инструкции за вакцинација

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили за време на ковид...

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за која здравствените експерти сметаат...

Вакцините против ковид не се „геноцид“, туку спасуваат животи

Фото: Pixabay/qimono
Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14.4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата, според СЗО, исто така, ја намалува можноста да се појават нови варијанти. Тоа е показател дека вакцините делуваат. Ниту прекумерната смртност, ниту карциномот, ниту смртта на лица на помлада возраст не се асоцирани со ковид вакцинацијата. Теориите на заговор дека вакцините се пуштени во...

Потребна е подобра организација за да се достигне опфат од 95 отсто на вакцинирани деца

Неопходни се поголеми инвестиции и поефикасна употреба на ресурсите за да може да се врати рутинската покриеност со вакцини на нивоа од 90 до 95 отсто низ целата земја. Ова е заклучокот од денешниот настан кој го организирал УНИЦЕФ, а на кој присуствувале претставници од здравтвениот сектор како и министерот за здравство, Фатмир Меџити. На настанот се дискутирало за наодите...

Кашлица што трае со недели, температура и чувство на „прегазеност“, ординациите полни со болни пациенти

Кашлица која знае да трае со недели и за која ништо не помага, висока температура, чувство на малаксаност и прегазеност. Ова се најчестите симптоми кои ги имаат пациенти, кои изминатиов период ги полнат ординациите. Д-р Бојан Трајковски, лекар во приватната здравствена установа „Медика Вера“, вели дека покрај сите вируси и бактерии кои се актуелни периодов, аерозагадувањето дополнително ја влошува...

Растат случаите на морбили во Европа, бидејќи децата помалку се вакцинираат

Во 2023 година биле забележани 42.200 случаи на морбили во Европа, што е речиси 45 пати повеќе од вкупно 941 случаи во 2022 година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, порастот е „застрашувачки“ и потребни се итни мерки, пренесува Би-би-си. СЗО соопшти оти смета дека бројот на нови случаи на морбили е последица на тоа што помалку деца се...

Антиваксерска објава со куп невистини обвинува за сатанизам

Вакцините не содржат графен оксид, чипови, антифриз, не ја менуваат ДНК на личноста, ниту пак, некој ги условува граѓаните да примат вакцина, туку тоа е резултат на добра волја на граѓанинот кој сака да се вакцинира. Во објавата се изнесува и невистина дека МРП вакцините предизвикуваат аутизам, што е отфрлено од медицинската и научната заедница како лага. Наспроти изнесеното...

Меџити: Родителите да ги вакцинираат децата против голема кашлица

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца против голема кашлица (бордетела пертусис), откако беше прашан каква е состојбата со оваа болест во земјата, со оглед на фактот дека на Детска клиника е хоспитализирано шестмесечно бебе со голема кашлица. „Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните. Но, повикуваме на вакцинација...

ТОП 5 теории на заговор во С. Македонија за минатата година

Пропаганда од Кремљ за војната во Украина, вакцини, Кју-анон, климатски промени, како и теории на заговор за различни моќни лица, беа најсподелуваните теми претходната година. Штетното влијание на вакцини и намалување на сериозноста за климатските промени се теми што се повторуваат секоја година, а други како движењето Кју-анон беа особено популарни во 2023та. Константа е честата поврзаност на темите...

Вакцините против ковид не се отровни и пандемијата не е „план за депопулација“

Наспроти изнесеното во објавата, светското население продолжува да расте и после ковид пандемијата и после ковид вакцинацијата, а не да опаѓа, со што фактички и со бројки може да се побие тврдењето дека „ковид е план за депопулација“. Вакцините против ковид-19 се со испитани состојки кои се транспарентно наведени и имаат позитивен безбедносен профил и никакви отрови во нив, пишува „Вистиномер“...

За два месеци, удвоен бројот на случаи на грип

Во период од два месеци, двојно се зголемил бројот на лица заболени од грип односно заболувања слични на грип, пишува во последниот извештај кој го објави Институтот за јавно здравје. Така, во октомври, биле регистрирани 196 случаи на грип, во ноември овој број бил 268, а во тековниов месец вкупниот број на грипозни е 426. Освен тоа, регистрирани се...

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува на смртни случаи кои...

Со руски измислени „докази“се шири антисемитска пропаганда

Една од најпознатите измислици за „еврејскиот заговор“ и воедно најпознатиот фалсификат со трагични последици во светската историја се  т.н. „Протоколите на сионските мудреци“. Станува збор за опасна лага, публикација која е создадена во Русија во првата деценија на 20 век, која се проширила низ целиот свет веднаш по Болшевичката револуција, иако е измислица. Евреите како народ не се ексклузивно...

Антиваксерска објава неточно ги поврзува вакцините со аутизмот

Објавата ја шири добропознатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Оваа манипулативна објава, исто така,...

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации или преку одделени средства...

Министерство за здравство: 3.600 деца и 2.630 пензионери примија вакцини дома

Повеќе од 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација, во рамки на кампањата на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“. Освен тоа, поделени се и повеќе од 7.500 информативни материјали. Како што информираат во Министерството за зравство, во рамки на оваа кампања...

Вакцините не се користат за лечење и не претставуваат отрови за деца

Вакцините, иако се алатка којашто спасува милиони смртни случаи годишно, сепак тие не се лек односно не се употребуваат за да со нив се лечат децата. Тие се превенција и заштита, и наспроти тврдењата дека се отровни, тие се многу безбедни. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу...

Опфатот со МРП вакцина е низок, зголемен ризикот од појава на епидемија со морбили

МРП е безбедна и ефикасна комбинирана вакцина која обезбедува заштита против мали сипаници, заразни заушки и рубеола. Опфатот не е на задоволително ниво кај нас - процентот на национално ниво изнесува 70 отсто. Затоа родителите треба да ги вакцинираат своите деца. Ова беа дел од заклучоците на денешниот брифинг за новинарите на тема „МРП вакцина“, кој се одржа во организација...

Не прекинуваат теориите на заговор што го претставуваат Бил Гејтс како „вакцинален злосторник“

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „злосторник против човештвото“, поради тоа што вакцинацијата ја промовира како придобивка. Иако, тоа е неспорен факт – вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините се шетни и дека целта е со нив да се изврши...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...