Таткото на Вања останува во притвор, пред Врховниот суд тој даде драматичен исказ

Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешницата, туку конечно да ја дочекам за да ја донесам одлуката дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете“, изјави денеска пред Врховниот суд, таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски

-

„Јас сум поделен на два света. Во моментот едното дете ми се наоѓа тука, другото го одземаа. Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешницата, туку конечно да ја дочекам за да ја донесам одлуката дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете“, изјави денеска пред Врховниот суд, таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.

Највисоката судска инстанца донесе одлука со која ја одби неговата жалба. Тој останува во истражниот затвор во Шуто Оризари.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд по одржаната јавна седница донесе Решение ВКЖ1-11/24 со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, ја одби како неоснована и го потврди решението на Алепациониот суд Скопје“, соопштија од Врховниот суд.

Неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ, по завршувањето на седницата повтори дека неговиот клиент не се познава со останатите осомничени и нема доказ дека тој комуницирал со нив и затоа не треба да се продолжи мерката притвор особено во овој случај бидејќи станува збор за превентивен.

„Основано сомнение дека било извршено кривично дело подразбира постоење на факти и информации за кои некој би можел да се убеди дека осомничениот го сторил делото. Јавниот обвинител не ме удостои она што е негова законска обврска да ми ги предочи доказите, иако и на тоа се повика при сослушувањето на Александар, кое е видео снимено и до ден денеска не постапил по тоа барање“, рече Туфегџиќ.

Обвинителството остана на ставот дека Ѓорчевски треба да остане во притвор.

„Во тек е вештачење на телефонските разговори од кои како докази се извлекува неспорно сомнение дека го сторил кривично дело. Се уште постои причина за притвор, бидејќи станува збор за тешко кривично дело од кое е произлезена тешка последица и одземен млад живот. Осомничениот може да се даде во бегство“, изјави обвинителката Наталија Тасевска.

Вчера судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд на барање на Обвинителството го укина притворот и го замени со куќен на Стефан Димовски кој го превезуваше осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски – Палчо од Србија во Турција.

За Палевски, сè уште се чека екстрадиција во Турција за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Ѓорчевски се сомничи дека тој наводно помагал на останатите четворица преку давање информации за неговата ќерка, односно за времето кога таа ќе оди на училиште, за да може да биде грабната. Во притвор остануваат осомничените соучесници Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...