Балдурс Гејт 3 (Baldur’s Gate 3) конечно е објавена во целост и реди големи успеси

Играта долго време беше достапна за играње за тие што ја имаа купено и пред тоа, но со апдејтите и лансирањето пред неколку дена навистина достигна врв на популарност

Baldur's Gate 3 official Press Kit Image from main site of the game https://larian.com/press

Балдурс Гејт 3 (Baldur’s Gate 3) конечно е објавена во целост и реди огромни успеси. Моментално на сите играчи на ММО и RPG игри кои сериозно се внесени во овие жанрови, оваа игра им е хит. Повелете и погледенете го најновиот трејлер за играта:

Балдурс Гејт 3 моментално е хит кај стримерите на Твич, сите што минатата недела стримаа Диабло 4, сега стримаат Балдурс Гејт 3 затоа што повторно има акција за дроп на скинови, ако гледате одреден стример одреден број на часови.

И повторно на Steam мометално е трета нова најпродавана игра, но бројките постојано се менуваат. Сепак, продажбите се на високо ниво и веќе има ‘Overwhelmingly Positive’ оценка што значи дека над 90% од играчите ја процениле со позитивно мислење на Steam. Мора да се напомене дека играта долго време беше достапна за играње за тие што ја имаа купено и пред тоа, но со апдејтите и лансирањето пред неколку дена навистина достигна врв на популарност.

Да се надеваме дека нема да ја следи судбината на Lost Ark и Diablo 4 – почетен период на ултра популарност, па нагло опаѓање на интересот кај публиката. Единствени негативни фактори што ги има Балдурс Гејт се преспективата на комбатот кој не се менува и преголемата гротескност и употребата хорор елементи. Но, што се однесува до Exploration и самото градење на ликови како и дијалозите со повеќе избори во играта се мајсторски сработени и се главната привлечна носталгична нота што ѝ дава голема вредност на оваа игра.

Моментално, според PC Gamer, најдобра класа за играње во Балдурс Гејт е Бардот, а и повеќе е охрабрено играњето на „мултиклас” лик, затоа што играчите на D&D игри знаат дека досега најдобро беше да се оди со една класа до крај, а од мултиклас моментот да се оди најмногу со две класи одеднаш, додека да се одбере престижна класа. Но, тоа е сменето во оваа игра и нагласен е диверзитетот, како кај ликовите, така и во градењето на главниот карактер.

Играта не е класична ММО но затоа има Co-Op опција и може да ја играте со пријатели преку интернет, иако првенствено е наменета како Single Player искуство. За Балдурс Гејт 3 и имаме и претходен напис во кој може да дознаете повеќе интересни информации како и новитети за играта.