Кратки гејминг вести за најновите игри летово

Фото: Florian Olivo, Unsplash

Baldur’s Gate 3 ќе има ни помалку ни повеќе, туку 17.000 опциски краеви на играта. Оваа најава е спектакуларна, бидејќи на ниедна игра претходно не ѝ успеало вакво нешто, пред сè оти е потребно многу програмирање, што претставува огромен труд. Впрочем, затоа и играта се развиваше толку долго, односно официјално од 2020 година.

Освен тоа, во играта ќе има и „весник” што известува за вашите авантури. Има точно 174 часови со синематици/анимации и можност за играње на 22 подкласи, од која најинтересна за јутуберите е Eldritch Knight, затоа што ги комбинира Fighter и Necromancer, односно класични „Меч и магија” со еден лик. Оваа престижна класа од D&D, Neverwinter Nights 2 е сега пренесена во Baldur’s Gate 3.

Можете истовремено да се борите со различни сечива, најчесто мечови, и да фрлате магии, како добро познатите Burning Hands, Magic Missile, Witch Bolt и да ги повикувате моќите на Eldritch – „чудните“ суштества од други димензии, кои ќе ви дадат и физичка и магиска моќ во играта и можат да се борат на ваша страна.

Секако, голем е интересот и за класичниот Паладин, каде имињата на магиите можете да ги препознаете од World of Warcraft, како Lay On Hands и голем број магии со предзнак Crusader и Divine.

Играта е со добра графика, но сепак е погротескна и со повеќе експлицитни сцени на „blood and gore” од Диабло 4. Играта излегува на 3 август, но со pre-order (преднарачка) нуди навистина голем број ексклузивни бонуси.

Чини 60 евра на Стим, а колекционерското издание е 260 евра.

Што се однесува до World of Warcraft, најновите вести се дека Драктир Евокерот ја „скрши играта”, односно се направи обид за рејд со 22 исти вакви змејолики ликови што ги покриваат улогите од „RPG-светото тројство” на Тank, Healer и DPS, a имаат и нов спек за бафер (лик што ги појачува сите во групата со поддржувачки магии).

Резултатот на ова е што рејдовите на најтешко – Heroic Difficulty – се поминуваат екстремно брзо, односно во просек по 20 секунди од Рејд Бос.

Многу е веројатно Близард да ги нерфне (да им ги намали пресилните страни) Драктир Евокерите, но до следниот таков пач, играчите во WoW ја популаризаа оваа класа и раса како најдобар DPS. Повелете и погледнете како сето тоа изгледа во акција:

Како што нагласуваат некои информатичари, видеоигрите се основа за идни симулации, кои можат да се користат и за забава и за едукативни цели. Со развојот на игрите се поплочува патот на неизбежната позитивна иднина во создавањето симулакруми во полето на Виртуелното, каде, поради револуцијата на интернетот, повеќето луѓе го поминуваат своето време. WoW е еден директен пример за симулирање на цел фантазиски свет -колку и да изгледа како цртан филм.

Но ако сакате игри со пушки, пиштоли и ножеви коишто изгледаат како акциски филм – во скоро време ќе излезе и Кантерстрајк 2 за која најновите вести се дека е во фаза на лимитирано тестирање и се очекува летово да стане конкурент на Call Of Duty Warzone, која веќе си ја зацементира иднината за следните 10 години, затоа што интересот за Overwatch 2 и Valorant драстично опаѓа. Overwatch 2 имаше скандал со прислушкување на чатот, па „невозможен батл пас“. А Валорант е надвор од фокусот на повеќето стримери, иако сè уште се одржуваат активни натпревари.  Но, во главниот фокус на Twitch, Диабло 4 сè уште котира добро.

Што се однесува до вестите од Диабло 4, пред најавената прва сезона, стигна новиот голем пач и тестерите се бунат дека најслабата класа Волшебник е нерфната и  „дотепана” уште повеќе. Досега за високите левели волшебниците употребуваа магии базирани на елементот оган, заради загарантираните критови, а всушност сите што ги играат се воодушевени од визуелните ефекти на магиите базирани на електрицитет, но досега имаше само еден валиден билд што изгледа дури комично кога се употребува дека личи на мавање шлаканици со „камшик од молњи”.

Јутуберите предвидуваат дека кога ќе се поправат и избалансираат класите и проблемот со Resistances, каде арморот е повалиден за сите ликови од тоа колку се резистентни на елементите – на пример Варваринот котира високо бидејќи главен атрибут му е сила (Strength) и тоа му дава оклоп (Armor) додека волшебникот има главен атрибут Интелегенција, што пак му дава зголемен процент на “Resist to all” и предвидувањето е кога ќе ги поправат резистирањата, дека Волшебникот од најслаба класа веднаш ќе стане најсилна баш поради тоа што е базиран на атрибутот Интелигенција.