Првата сезона на „Диабло 4“ ќе почне на 20 јули – сè што вреди да се знае за неа

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

Првата сезона на „Диабло 4“ ќе почне на 20 јули. Неупатените може да се запрашаат што е сезона и како функционира. Сезоните во „Диабло“ беа имплементирани во „Диабло 3“ и беа посебни настани на кои можеше да се добијат нови изгледи за оружја, оклопи, минипети и портрети. Функционираа така што се создаваше сосема нов карактер од левел 1 и се играше новата сезона која внесуваше новитети, без ефект на главната приказна, туку како споредна приказна.

„Диабло 4“ привлече доста нова публика и луѓе што немаа искуство со неа, поради скапото рекламирање не само на интернет, туку и преку телевизија и преку ланецот за брза храна „Кентаки фрајд чикен“, каде со оброк можеше да се купат бенефити во играта. На ветераните-играчи овој концепт им беше добро познат и не им пречеше толку многу.

Самата помисла дека треба да го оставите вашиот „обичен“ главен карактер во кој имате инвестирано време и труд и голем грајнд зад себе за да почнете нов лик од почеток, предизвика масовни реакции до тој степен што и девелоперите сменија неколку работи што ќе следуваат во новата сезона. Ова е целиот најнов стрим за сезоните (каде е најавена и новата класа за Диабло Имортал-Блоднајт), а доколку сакате да дојдете побрзо до најважните информации, дочитајте го текстот под видеото.

Првично ќе треба да се преигра и делот наречен “renown”, односно “комплетирањето на мапата” како што е познато и во други игри. Ова значи да ги направите сите задачи и подзадачи достапни на самата мапа. Но, Близард го сменија ова за првата сезона со тоа што ќе се задржи открената “fog of war” – откриената мапа и алтарите на Лилит – кои даваат минимални стат бонуси и се прилично добро скриени.

Со ова, кога играч би ги имал комплетирано сите достапни задачи од “renown”, би почнал во новата сезона и со екстра статови од олтарите на Лилит и со откриена мапа, но исто така и со нова можност што и во моментов е имплементирана во играта, да ја “скокне главната приказна”, доколку ја има еднаш комплетирано.

Има уште еден новитет што ќе има споредна приказна која не е продолжение на главната приказна. Во светот на Санкчуери, срцата на сите живи суштества стануваат корумпирани и стануваат диви и насилни, но и “малингни” како што и е насловот на сезоната „Диабло 4: Сезона на Малингните“, што во потконтекст како наслов е и оглед за многу различни работи што се случуваат во реалниот свет како војни, климатски промени и епидемии.

Исто така, има и најавен трејлер што може да го проследите во продолжение:

 

Во приказната, ликот Кормунд (Coremund), којшто е бивш свештеник на „Катедралата на Светлината“, се бори против новото зло што ги корумпира срцата на живите суштества и ги прави уште подиви, насилни и крвожедни. Но, кога сфаќа дека не може сам да се бори против ова зло, логично е да побара помош од најславниот јунак во земјата-играчот. 

Карактеристиката што се внесува како новитет во играта е тоа што ќе има суштества со израстоци на корумпираност со назнака малингни, кои ќе треба да ги победите два пати – еднаш да им го искорнете срцето, па со срцето да повикате посилна нивна верзија и да ги победите за да го заробите срцето. Подоцна би можеле срцето да го ставите во специјален сокет за накит (прстени и ланчиња/гердани), којшто патем ќе биде имплементиран и како сокет кај вендорите во градовите и потоа добивате магии и од другите класи што ви даваат како што се изразија Близард можност за “нови глупо прејаки билдови”. Ова ќе биде достапно само за сезонските карактери.

Обично има четири сезони во годината и секоја трае по три месеци. Исто така, ќе има и специјални нивоа – малингни тунели, кои и ќе имаат свој boss, како што е The Butcher – на случајно појавување – наречен Varshan The Consumed.

Во нив ќе можете да избирате од која боја на малигно срце сакате да се обидете да фармате – затоа што сите овие малигни срца и сокетите ќе доаѓаат во различни бои, а ќе има и специјални срца што ќе може да ги употребите во сокет со било која боја. Но, моќите што можете да ги добиете се премногу моќни. Во видеото е прикажана Варварин девојка што добива моќ од Волшебник наречна Chain lightning.

Во играта ќе има 32 типа на различни малигни срца со моќ што скејлира во левел. И навистина ова нуди доста нови можности и може многу да ја олесни играта, но и да ја искомплицира поради поделените начини на тоа како се стекнува сè. Но, ќе има и друг вид на бонуси што се активираат доколку имате карактер над левел 40 во сезоната, како зголемени дропови на Оболс или пак вашите напитоци за плус 5 отсто искуство и заштити да траат подолго и други корисни опции со значителни вредности ако ги зголемите.

„Диабло 4“ ендгејмот сега за сега се базира на прибирање услуги за Дрвото, Хелтајдс, Ворлд Босови и најефикасниот начин за добивање повеќе искуство – бустање во најтмер данџнс на најтешко. Близард да одговорат на поплаките на играчите веќе ги изменија најтмер данџнс да даваат многу повеќе искуство ако се завршат. Играчите веќе се запрашаа што ќе се прави ако се рипне приказната? За да прогресирате во батлпасот ќе имате различни задачи по светот, почнувајќи од наједноставни до покомплицирани, но ќе ги вршите по квота и ќе можете да не ги правите активностите за кои не сте заинтересирани. 

Но, и со доаѓањето на новата сезона ќе има пач на 18 јули, што ќе биде достапен за симнување, а ќе се активира на 20 јули со почетокот на сезоната.

Издавачот испрати апел до играчите дека за да им се пренесе напредокот, на сезоните мора да се логираат на нивниот главен карактер од 18 јули натаму пред да ја играат сезоната.

Исто така, со овој апдејт ќе бидат имплементирани и нови “леџенари ајтеми” и нови “јуник ајтеми” поуникатни од постоечките, што ќе може да се фармаат и во обичната верзија на „Диабло 4“ односно на „Етернал Реалмс“. 

Исто така, што се однесува до карактеристиката за батл пас позната и во други игри, особено во “батл ројал” игрите, ќе биде достапна само за време на сезоните. Нема да ја има во обичното играње. Со батл пасот се добиваат стриктно нови скинови и тоа значително добри скинови за оклоп, оружје, бек-ајтеми и за оклоп за коњите како и нови коњи. За Диабло игрите имаме и повеќе претходни написи кои може да ги прочитате овде