Кантерстрајк 2 ќе биде бесплатна и пореалистична, а ќе го има и напредокот од CS:GO

Кантерстрајк 2 (извор: Valve)
Кантерстрајк 2; Извор: Valve

Кантерстрајк 2 ќе биде бесплатна, пореалистична и целиот напредок од CS:GO ќе се пренесе во новата игра. Што значи ова? Вториот дел од играта ќе има доста надградена реалистична графика и осветлување. Сите што ја користат CS:GO, која во моментов е бесплатна ќе ја добијат Кантерстрајк 2 бесплатно. Веќе им е познато на гејмерите дека CS:GO има и платежна верзија, Prime Status што чини околу 15 евра со надградби.

Во однос на пренесување на напредокот од CS:GO во Кантерстрајк 2, ова значи дека ќе ги имате сите ваши скинови на пушки и пиштоли што ги имате. Во Steam Inventory, скиновите директно ги добиваат обработените нови верзии. За поените, достигнувањата и статистиките, тие ќе бидат уште валидни, но не се знае дали и ранкот ќе биде пренесен и во Кантерстрајк 2, или ќе се “грајнда” од почеток. 

Девелоперите од Valve засега објавија три нови кратки видеа за Кантерстрајк 2. Првото видео е за иновациите со Smoke Grenades – Димните бомби, кои кога се фрлени образуваат активна површина на чад низ кој ако се пука куршумите го осветлуваат и разредуваат, а ако се фрли нормална бомба може да го расчисти чадот што го гледаат и двата тима. Исто така, димните бомби можат да исполнуваат простор во архитектурата во целост:

Второто видео е за подобрување на респонзивноста помеѓу пукање и движење на двете страни. Играта е тунирана на „нема одложување“, што се должи на респонзивноста на серверите и играчите кои се поврзани, така што целата акција на сите поврзани се случува истовремено без “лаг”. Како што велат девелоперите, тоа што го гледате – тоа го добивате.

Третото видео е за мапите. Повеќето мапи што се најпопуларни се оставени такви какви што се, заради тоа што играчите со години ги имаат вежбано тактичките позиции во мапите, но се надградени со нови текстури во висока резолуција, кои имаат отсјај на површини и реалистични сенки и осветлување, какви што треба да има сосема нова игра. Исто така има и едитор за мапи, каде играчите можат да прават свои мапи.

 

Секако се очекуваат уште многу нови видеа за развојот на играта. Иако играта е веќе достапна за селектиран број на играчи што ја тестираат, нема конкретен датум за излегување на самата Кантерстрајк 2. Единствено е најавено дека ќе излезе ова лето (2023).