Се спрема нова „Симс“ игра – Прожект Рене, прислушкување на Овервач 2 и Пи-Си верзија на Спајдермен

Спајдермен Мајлс Моралес слика од Clutchpoints
Спајдермен Мајлс Моралес, фотографија од Clutchpoints

Во најновите гејминг вести имаме информација дека Овервач 2 бара да одобрите да ви бидат прислушкувани разговорите со глас во играта -кога ја инсталирате, затоа е препорачливо да се читаат барем условите за користење пред да инсталирате игра. Ова како што велат од Близард е мерка за да се банираат играчи со „токсично“ однесување и оние кои практикуваат говор на омраза. Тоа функционира така што сè се снима од разговорите и кога ќе има пријава од повеќе играчи одеднаш за друг играч се проверуваат логовите со снимени разговори. Ако се потврди пријавата се врши привременo или целосно банирање на токсични играчи. 

Целата работа е околу тоа што не можете да воопшто да влезете во играта ако не го регистрирате и вашиот телефонски број. Контроверзијата околу прислушкувањето и мониторингот на четот во играта предизвикаа играчите низ целиот свет да реагираат велејќи дека потсетува на книгата на Џорџ Орвел „1984“. 

Прожект Рене е најновата Симс игра во изработка. Името Рене, според девелоперите, е одбрано бидејќи асоцира на зборовите Обнова (renewal), Ренесанса (Renaissance), Повторно раѓање (Rebirth). 

Играта ќе има неколку главни карактеристики: ќе може да се игра и на компјутер и на мобилни телефони и да се продолжи каде што сте застанале во сред игра ако смените уред. Исто така, ќе може да играте истовремено со свои пријатели онлајн и ќе можете да го уредувате просторот за живеење во играта како на пример дигитална дневна соба. Има и уште една карактеристика наречена Уредување на мебел во екстремни детали (Extremely detailed furniture editing). Тоа значи дека боите за мебелот ќе ги бирате од спектар на бои во повеќе нијански, а формите на предметите може да се менуваат. На пример, наместо единечен потпирач за кревет да ставите потпирач од три големи перници и во детали да ги менувате самите текстури за декорација. Девелоперите најавуваат дека играта ќе биде готова за неколку години и ова е прва можност волку рано да споделат информации за проект во изработка.

Спајдермен верзијата со афроамериканец главен лик Спајдермен Мајлс Моралес (Spiderman Miles Morales) конечно доаѓа на Пи-Си. Играта е доста успешна затоа што ги промовира правата и на афроамериканците и на хиспано американците. Станува збор за сосема нов спајдермен во црн костум со црвени линии. 

За овој конкретен лик имаме и претходни написи: првиот и вториот. Оваа игра, како што е обичај за сите игри што во последно време преминуваат од Плејстејшн на Пи-Си. ќе има зголемени графички опции за осветлување и сенки во зависност од тоа колку ви е добра конфигурацијата.

Има многу што да се зборува за Мајлс Моралес а има и цела плејада стрипови за ликот којшто е дел и од Спајдермен мултиверзумот со сите ликови и инкарнации на Спајдермен преставен преку анимираниот филм кој почнува толкму со Мајлс Моралес.

Пи-Си верзијата на играта излегува на 18 ноември, а веќе може да се купи во предпродажба и со тоа се добиваат повеќе бонуси во играта. Станува збор за квалитетна игра и чини 50 американски долари.