Квалитетни нови игри беа најавени на настанот PlayStation Showcase 2023

Спајдермен Мајлс Моралес слика од Clutchpoints
Спајдермен Мајлс Моралес, фотографија од Clutchpoints

Пред неколку дена излегоа голем број трејлери за нови добри игри на настанот Playstation Showcase 2023. Решивме да ги издвоиме најинтересните игри и да ви ги презентираме: 

 

Immortals of Avenum 

Оваа игра е еден вид ултра наградба на стилот што го постави играта Херетик што следеше по првите делови на Doom. Херетик беше иста како Doom со таа разлика што ликот, наместо со пушки, пушташе магии од раце или од магичен стап, како еден вид средновековен фантазиски хорор шутер. Најновата игра Immortals of Avenum го има развиено ова како идеја за игра со извонредна графика и голем број на различни анимации што се однесува до фрлање (кастање) магии, доведено до едно ново ниво. Некои од ликовите и потсетуваат на Warframe, но перспективата е FPS, односно во прво лице. Дури има магии и што може да се полнат и фрлаат накај непријателите рафално. Анимациите се одлични, а има и екстензивна приказна покрај набиената акција со интересни непријатели. Излегува на 20 јули 2023 година.  

 

Dragons Dogma 2

Драгонс Догма 2 е долго очекуваното продолжение на првиот дел од играта. За разлика од други RPG игри каде големите босови и покрупни чудовшта се удираа само по нозете за да ги дотепате, во првата Драгонс Догма можеше да се качувате на самите главни, да им се качите на телото и да ги удирате со меч во врат и глава. Оваа карактеристика, како и системот со таканаречни “пиони” во вид на придружници, и тоа што е полесна од Souls игрите доведе до тоа долго време да се чека на ова, поради релативно остарената графика на првата игра која најчесто ги одвраќаше играчите. Dragons Dogma 2 некако се обидуваат да се протнат и како souls игра, само затоа што личи како таква. Самата игра ги има едни од најимпресивните анимации за волшебници и секакви механики со магии, додека и фајтерите и стрелците не заостануваат, но корисниците на магии имаа и ќе имаат многу широк спектар на колосални и спектакуларни магии. Играта е во изработка и не се знае кога ќе излезе, но е една од игрите на која гејмерите се надеваат дека ќе биде вистински добра. 

 

Street Fighter 6

На овој наслов не му треба посебна најава, бидејќи е познат и кај нас и во светот како една од најдобрите “тепачки игри”. Овојпат „Стрит Фајтер 6“ има и приказна, каде со протагонистот учите вештини од сите маркантни ликови од серијалот. Исто така, можно е и оваа игра да ја замени популарноста на „Текен 7“ и здраво да се имплементира во идните е-спорт настани.

Моментално на Стим има демо од самата игра што е само 16 гигабајти за симнување, а демото од самата игра можете да го испробате бесплатно уште веднаш, штом го симнете. 

 

Marvels Spiderman 2

За најновите Спајдермен игри имаме и претходни написи кои може да ги прочитате овде

Колку што може да се забележи од гејмплеј трејлерот изгледа дека главниот Спајдермен е заразен со симбиот, а можеби се работи и за симбиотот на Веном, но исто така е придружуван и од Мајлс Моралес Спајдерменот којшто го придружува и “заедно се борат против лошите”. Стрип цртачот и авторот на Спајдермен Стен Ли којшто за жал е починат, но сепак му вметнуваат по едно кратко “камео апиренс” од стари снимки од него.

Тој има дадено изјава дека кога го измислил Спајдермен, добрата работа е што костимот случајно го направил така да го прекрива цело тело и очите и читателите можат да претпоставуваат дека може да е лик со бела или со црна кожа или друг вид на диверзитет во изгледот. Но, Спајдермен испадна да е лик за сите нации. И најомилен лик на најмалите деца. Оваа игра има толку реалистична графика и импресивно сработени сцени и фотографија што ја прави привлечна и за повозрасните гејмери. Играта е само најавена за следната есен. 

Секако, целиот настан од PlayStation Showcase 2023 каде има и други игри што може да “ви фатат око” можете да го изгледате во целост, во самите коментари има “тајмстепс” за секој наслов со минутажа: