Where Winds Meet-прекрасна игра во средновековен кинески сетинг

Where winds meet Скриншот од трејлер на YouTube
Where winds meet Скриншот од трејлер на YouTube

Ова е официјалниот продолжен гејмплеј трејлер со кој првпат ја откриваат играта Where Winds Meet и навистина има многу што да се види. Од перфектните анимации – синематици до неверојатно графички среденото играње и акција во самата игра, гарантирано на прв поглед да ве воодушеви.

За слична ваква игра наречена Code: To Jin Yong имавме напис пред неколку месеци каде се објаснува инспирацијата за ваквиот тип на игри. Станува збор за игра со големи скокови и летање и мистични моќи преку боречки вештини. Но, Where Winds Meet покажува сцени од играњето „донесени до друго ниво”, каде што можете да користите мистични моќи, како телекинеза и замрзнување на непријатели, да трчате по покриви и да подлетнувате, да правите интеракции во градовите и да јавате на коњ низ прекрасен отворен свет со ненормално добро сработена околина. Притоа, да уживате во комбат што потсетува на комбатот на Black Desert Online, но е поисфилтриран и динамичен.

Играта нуди многу, но сè уште малку се знае за неа. Секако, ќе биде една од поиграните и повпечатливи игри во иднина, не за џабе има реклама на Gamescom 2022