Code: To Jin Yong – нова игра во развој со впечатлив “Aerial combat”

Фото: Принтскрин од играта

Ако ви се допаѓаат филмови со боречки вештини и долги скокови и прелетувања како Crouching Tiger, Hidden Dragon, Hero и House of Flying Daggers, тогаш ќе ви се допадне и оваа игра насловена Code: To Jin Yong.

Играта има досега најдобар Aerial Combat (борби во воздух) со мечување и боречки вештини кај игрите, но и самиот gameplay трејлер e од игра во изработка која се развива во Unreal Engine 5 – моментално најдобриот “енџин” за правење игри со перфектно добра графика, за коj веќе имавме два опширни написи: првиот и вториот.

Начинот на којшто реагира околината на играчот е детална во оваа игра, од движењето на лисјата околу играчот до површините на кои се слетува.  

Фирмата која работи на оваа игра се вика Lightspeed Studios и е во сопственост на Tencent, која пак е една од најголемите фирми за игри во Кина и во чија сопственост е ултра популарната игра кај најмладите MOBA-та League of Legends – “LOL”. Lightspeed Studios претходно имаат работено на мобилните портови за PUBG и Apex Legends

Единствена претходна игра што релативно добро го имплементираше факторот на “Aerial Combat” во овој стил и во последно време е играта Blade And Soul, која е постара MMO игра, но е неодамна обновена и има интересен и специфичен комбат систем, како и полу-летачки скокови со “глајдање”.

PvP делот од Blade and Soul достигна и свое ниво на играње на официјални гејминг турнири и настани и емитување на истите на E-Sports канали ширум светот. Можно е Code: To Jin Yong да не биде само PvE, туку да има и PvP и да дотурка до официјалните е-спортови. Би било супер да се види игра со впечатлива графика како Code: To Jin Yong во таква функција. 

Инаку, што се однесува до приказната на играта Code: To Jin Yong, таа ќе биде адаптација на позната серија романи што е во жанрот на пишување фикција наречен Wuxia во Кина и до денес нема датум за тоа кога ќе излезе.