Baldur’s Gate 3 е игра на годината: Погледнете ги највпечатливите трејлери и победниците на The Game Awards 2023

Официјалното графичко решение на The Game Awards 2023

Најнаградувана игра на последните Game Awards дефинитивно е Baldurs Gate 3, која воедно го доби признанието и за игра на годината, што и беше очекувано до негде.  

Во продолжение ви ги презентираме највпечатливите трејлери од настанот -каде има и најави за секакви игри што се сè уште во развој.

Power Surge: SEGA Reveal Trailer

Старите игри од фирмата SEGA добиваат свои нови римејкови. Некои од најпознатите игри кои се играа кај нас во ерата на SEGA ќе бидат вклучени во „новата ера“. Станува збор за повеќе игри од познатите т.н. „флипери“ а најмаркантни наслови се Shinobi (Шиноби) и Golden Axe (Златната Секира).

Black Myth Wu Kong

Конечно има датум за објава на оваа игра- 20 август 2024 година. Ова е една од најочекуваните Souls игри во последно време. За оваа игра имаме и претходни написи што ја објаснуваат Кинеската Митологија и самиот јунак Ву Конг.  

Marvel’s Blade

Играта Блејд е игра со ловец на вампири кој е полу-вампир наречен „Дневен Шетач“. Се игра во трето лице и се очекува да привлече големо внимание. Всушност Марвел Универзумот на филмови започна многу поодамна одошто кога стана ултра-популарен. Меѓу првите стрип јунаци за кој беа направени филмови беше токму приказната за Блејд -афроамериканецот што лови вампири. Датумот кога ќе излезе играта сè уште не е објавен. 

Rise of The Ronin

Ова е најновиот наслов најавен од девелоперите Team Ninja кои се познати по Нинџа Гајден игрите и по игрите Нио 1 и 2. Играта ќе излезе на 22 март 2024 година исклучиво за PlayStation.

Warframe Whispers of the Walls

Нов голем аптејт на најдобрата и најигрива акциона бесплатна игра на Steam за која имаме и претходни написи што ви препорачуваме да ги прочитате. Апдејтот излегува на 13 декември 2023 година. 

The First Berseker Kazhan

Во случај да ве интересира акциона игра која е комбинација од Девил Меј Крај и Асасинс Крид Валхала и Souls игрите во аниме издание -според серијалот Dungeon and Fighter оваа игра многу ќе ви се допадне. Ова е првиот трејлер за играта што ветува многу и сеуште нема одреден датум за нејзиното излегување. 

No rest for the Wicked

Од девелоперите на уникатните платформски игри „Ori“ за кои имаме и посебни написи следува игра која  има тенденција да внесе револуција во жанрот на Акциони RPG игри со својот систем за борби. Ова е само првиот трејлер и нема конкретен датум за излегувањето.

И за крај секако играта што предизвика најголем интерес кај најмладите гејмери, трејлерот за најновата верзија на Драгонбол односно Dragon Ball Z: Sparkling Zero.

И покрај тоа што претставуваме голем број трејлери од овогодинешниот настан, дел од нив не се споменати во овој напис. На пример God of War DLC за Валхала и Senua’s Saga:Hellblade 2, но ова е нашиот избор. Сè надеваме ви се допаднаа. И секако може да го изгледате целиот овој настан The Game Awards 2023 (TGA 23) на следниот линк