Wo Long: Fallen Dynasty најнова Souls игра на пазарот

Играта ја има изработено Team Ninja, кои стојат и зад Nioh 1 и Nioh 2. Nioh игрите се доста предизвикувачки и тешки, но сепак имаат добар систем за учење

Wu Long Fallen Dynasty слика превземена од Steam

Пред неколку дена излезе Wo Long: Fallen Dynasty најновата ‘Souls’ игра што привлече огромно внимание, oсобено затоа што има демо на Steam што може секој да го симне бесплатно и да ја испроба играта. 

Играта ја има изработено Team Ninja, кои стојат и зад Nioh 1 и Nioh 2. Nioh игрите се доста предизвикувачки и тешки, но сепак имаат добар систем за учење. Моментално, по целосното исцрпување на Elden Ring една година од нејзиното излегување, играњето на Nioh 2 стана многу популарно, особено затоа што, како и во првата игра, може да се игра со пријатели преку мултиплејер. Nioh 1 Complete Edition беа на бесплатна промоција на Epic Games пред извесно време, за што веќе пишувавме. Од креаторите на овие и други познати игри како Ninja Gaiden ни доаѓа насловот Wo Long: Fallen Dynasty. Повелете и проследете го трејлерот за играта:

Некои негативности околу самата игра се дека нема голема разноликост на непријателите, демоните и чудовиштате. Друг негативен фактор е што се преполнува инвентарот на ликот со премногу бескорисни оружја, оклопи и други предмети. Исто као и на Nioh има индикатор ако имате земено подобро оружје од тоа што моментално го користите. Камерата е малку бавна кога вртите за правец со маус, а при движење не ротира со ликот -што е уште еден пропуст во играта. Но, сепак, и покрај сите негативности, играта е одлично сработена графички. 

Што се однесува до приказната, таа се одвива за времето на Хан династијата и има појавувања на кинески историски личности, но во фантазиски сетинг. Иако има и анимации-синематици во играта, приказната е таква каква што е за секоја Souls игра, односно се дознава низ играњето, а во оваа игра има и добри анимации. Во основа, целата „збрка“ е околу еликсирот за вечен живот, што може да ги разбуди змејовите. Изгледа дека главниот протагонист има некаква исконска поврзаност со еликсирот. Можете да ја погледнете видео рецензијата на IGN за Wo Long: Fallen Dynasty во целост каде има детални објаснувања за играта:

 

Овој жанр на игри, иако настана случајно, требаше време да созрее и да се исполира во верзиите на потешки предизвикувачки игри кои бараат „скил” за да се играат, но секогаш одат по методата „trial and error”, односно учите од своите грешки и напаѓате, блокирате и парирате технички, затоа што само ако го „спамате“ нападот стромоглаво, редовно ќе губите. Но, Souls игрите ве учат едно нешто -да не се нервирате кога ќе изгубите, иако за почетниците на вакви игри тоа е можеби фрустрирачко, но гејмингот сега за разлика од пред 10-20 години е многу полесен на повеќето игри ама Souls жанрот не попушта- буквално и во двете смисли.