fbpx

Фон дер Лајен од Сараево: Иднината на БиХ е во ЕУ како единствена, обединета и суверена земја

Фон дер Лајен од БиХ зборуваше и за Планот за раст на Западен Балкан, за кој објасни оти се состои од четири принципи

-

Иднината на Босна и Херцеговина (БиХ) е во ЕУ, гласи пораката што од Сараево ја упати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во посета на земјата.

Фон дер Лајен се сретна со претседавачот на Советот на министри Борјана Кришто, а по средбата одржаа прес-конференција за медиумите, јавува klix.ba.

„Мојата прва порака во основа е повторно да подвлечам дека иднината на Босна и Херцеговина е во ЕУ. Нагласувам колку е силна нашата поддршка за вашиот европски пат“, рече фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК нагласи дека со формирањето на влада, земјата покажала оти може да постигне добри резултати.

„Нашата соработка досега беше одлична и ќе продолжиме тесно да соработуваме. Сите знаете дека за да се постигне оваа цел, Босна и Херцеговина треба да дејствува обединето и со еден глас и став. Не можеме да дозволиме назадување во однос на заедничките вредности во кој било дел. Зборувавте за уставното уредување, граѓанските слободи. Сето тоа се темелите на ЕУ. Иднината на земјата е во ЕУ како единствена, обединета и суверена земја“, истакна фон дер Лајен од Сараево.

Фон дер Лајен од БиХ зборуваше и за Планот за раст на Западен Балкан, за кој објасни оти се состои од четири принципи.

„Првата компонента е отворање на единствен пазар за деловни субјекти од Западен Балкан. Вториот принцип е Западен Балкан да ги отвори своите граници и да го комплетирате регионалниот пазар. Третиот е, ако отвориме единствен пазар, а вие го завршите регионалниот, тогаш тоа повлекува одредени реформи кои мора да бидат имплементирани за подобра интеграција. Тоа е подобро деловно опкружување, дигитализација, подготовка на економијата за зелена транзиција. Четвртиот принцип што следи се инвестициите“, рече фон дер Лајен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Притвор за таткото на убиената Вања, за Палевски истрага за убиство и грабнување

Вечерва 48-часовен притвор доби петтоосомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. „Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и...