четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Сараево | 26 резултати

Рок архивистот Тошо Филиповски отвори изложба во Сараево посветена на македонската музичка сцена

декември 20, 2023

„Екс-ју рок центар“ во Сараево е домаќин на изложбата „60 години македонска рок сцена“. Истата беше отворена во петок, 15-ти декември. Таа се состои од разни артефакти од македонската музичка сцена, вклучувајќи урамени плочи, плакати од концерти и фотографии од музичари. Изложбата ќе стои три месеци во културниот центар и веќе беше посетена од Зенит […]

Фон дер Лајен од Сараево: Иднината на БиХ е во ЕУ како единствена, обединета и суверена земја

ноември 1, 2023

Иднината на Босна и Херцеговина (БиХ) е во ЕУ, гласи пораката што од Сараево ја упати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во посета на земјата. Фон дер Лајен се сретна со претседавачот на Советот на министри Борјана Кришто, а по средбата одржаа прес-конференција за медиумите, јавува klix.ba. „Мојата прва […]

Скопје и Сараево од октомври се поврзуваат со директна авиолинија, најавува ТАВ

јули 29, 2023

Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник „Егеан“ (AEGEAN), член на „Стар алајанс“ (STAR ALLIANCE), најавуваат од ТАВ Аеродроми. Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, […]

Мрежата за борба против дезинформации на Западен Балкан презентирана на конференцијата ПОИНТ

јуни 15, 2023

На 11-тото издание на ПОИНТ конференцијата што почна денеска во Сарајево, БиХ, беше презентирана Western Balkans Anti-Disinformation Hub (Мрежата за борба против дезинформациите во Западен Балкан). Конференцијата ПОИНТ е најголемата конференција од својот вид во регионот, а е посветена на политичката отчетност и новите технологии. Таа претставува еден вид платформа на граѓанското општество за поттикнување на […]

Филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ со две награди на Сараевскиот филмски фестивал

август 19, 2022

Најновиот филм во подготовка „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“ освои две награди за развој во програмата Синелинк на 28. издание на Сараевскиот филмски фестивал, соопштија од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Станува збор за Синелинк награда од Филмскиот центар на Србија […]

Наши математичари освоија четири медали и постигнаа најдобар успех во последната деценија

јули 4, 2022

Четири медали освои тимот ученици од С. Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Ученикот Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а учениците Димитар Фидановски и Марко Митевски, освоија бронзени медали. На олимпијадата успешно учествуваа и учениците Марко Серафимовски и Нина Ламева. Претседателот на Сојузот на математичари, проф. д-р Ѓорѓи Марковски, за […]

Петрески: Западен Балкан мета на странски кампањи за дезинформации, работиме на нивно разоткривање (ВИДЕО)

јуни 2, 2022

Малигните влијанија при што дезинформациите се користат за нивно ширење, на Западниот Балкан имаат регионална компонента, така што една дезинформација преминува од една во друга земја, а истото кога ќе се врати од каде што дошла, се враќа во најискривена форма, што може да предизвика уште поголема штета. Ова го изјави главниот уредник на „Вистиномер“,  […]

Започна регионалната конференција POINT во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис

јуни 2, 2022

Денеска започна десеттото издание на регионалната конференција POINT (Political Accountability and New Technologies – Политичка отчетност и нови технологии) во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис. Конференцијата ја организираат членовите на мрежата ACTION SEE, од која дел е и Фондацијата Метаморфозис, а денеска и утре на панелите ќе говорат претставници од медиумите на Метаморфозис – […]

Сараево одбележа 30 години од почетокот на опсадата во која животот го загубија 11.541 лице [галерија]

април 6, 2022

Босанскиот главен град вчера одбележа 30 години од најмрачниот момент во својата историја – почетокот на српската опсада на Сараево на 5 април 1992 година. Опколувањето на градот и постојаното гранатирање од страна на српските сили траеше 1.425 дена до 29 февруари 1996 година, а во текот на опсадата животот го загубија 11.541 жител на […]

За пластичните и дрвените печати и за фотографиите како алатки за дезинформирање

јануари 25, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

„Метаморфозис“ во Сараево ја презентираше својата борба против дезинформациите

мај 20, 2019

Фондацијата „Метаморфозис“ ги презентираше своите активности во борбата против дезинформациите во земјава и во регионот на меѓународната конференција „Политичката отчетност и новите технологии – ПОИНТ“ (Political Accountability and New Technologies – POINT), што се одржа во Сараево, БиХ, од 16 до 18 мај. Еден од организаторите на конференцијата беше и мрежата ACTION SEE, која дејствува […]

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

март 20, 2019

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото […]

Двајца полицајци убиени на должност во Сараево

октомври 26, 2018

Двајца полицајци биле изрешетани рано утрово во Сараево, додека се обидувале да спречат кражба на автомобил. Според Адем Зољ, премиер на Сараевскиот кантон, кога полицајците при патрола пристигнале на паркинг во населбата Алипашино Поље околу 4.50 часот и забележале обид за кражба на „голф 6“, крадците веднаш почнале да пукаат на нив со автоматско оружје. […]

Фестивалот „Егзит“ прогласен за шампион на регионалната соработка

март 15, 2018

Светски познатиот музички фестивал „Егзит“ (EXIT) е прогласен за шампион на регионалната соработка на Западен Балкан за 2017 година. Признанието вчеравечер во Сараево му го врачи Регионалниот совет за соработка (РСС). Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, врачувајќи ја наградата на основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, истакна дека „фестивалот со универзални музички содржини ги надминува […]

Немало прислушување политичари и бизнисмени во Хрватска, вели министер од БИХ

септември 26, 2017

Директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска, Даниел Маркиќ, денеска се сретнал со својот колега од БИХ, Осман Мехмедагиќ, откако хрватските медиуми објавија дека Разузнавачко-безбедносната агенција на БИХ (ОСА) прислушувала хрватски бизнисмени и политичари од Хрватска и од БИХ. По средбата, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, рече оти челниците на разузнавачките агенции […]

Денеска почна бизнис-форум во Сараево на тема „Еден регион – една економија“

мај 22, 2017

Tрадиционалниот  бизнис-форум во Сараево почна денеска и на него учествуваат преку 1.600 учесници од над 30 земји, меѓу кои и актуелни и поранешни шефови на држави и на влади, претседатели на големи корпорации, на банки и на ЕУ. Главното мото со кое започна еден од панелите на годинешната средба е „Еден регион, една економија – […]

Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал

август 13, 2016

Со краток говор, актерот Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал (СФФ). Де Ниро во оваа прилика изјави дека е почестен што го отвора фестивалот во Сараево, по што му беше врачена специјална награда за животно дело „Почесно срце на Сараево“. – Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум поканет. Бев заинтересиран да […]

Се самоуби напаѓачот кој уби двајца војници во Сараево

ноември 19, 2015

Енес Омерагиќ, кој синоќа во сараевската населба Рајловац уби двајца војници и рани неколку други лица, се самоубил во својата куќа, која била опколена од полицијата. Според босанската полиција, Омерагиќ го сторил тоа со активирање експлозив. Претходно, Омерагиќ пукајќи од автоматско оружје, убил двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште […]

Исламска држава им се закани на амбасадите на Јапонија и на Саудиска Арабија во Сараево

септември 12, 2015

Властите во Босна и Херцеговина под засилени мерки за безбедност ги ставија амбасадите и резиденциите на Јапонија и на Саудиска Арабија, кои се најдоа под директна закана од напади од членови на џихадистичката група Исламска држава, информира весникот „Независне новине“. Информацијата на весникот е потврдена од Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи на […]

Меркел: На Германија ѝ е важна европската перспектива на БИХ

јули 9, 2015

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Сараево оцени дека БИХ има европска перспектива, но под услов, политичарите сериозно да си ја сфатат можноста која на оваа држава ѝ ја дава новата иницијатива на Европската унија. – Европската перспектива на сите држави во регионот ни лежи на срце. Но, целиот регион може да просперира само со развој на […]

Страна 1 од 2