Почина Ли Сун-кјун, познатиот актер од оскаровецот „Паразит“

Сè уште е нејасно дали Ли си го одзел животот, но полицијата соопшти дека добила пријава оти излегол од дома откако оставил белешка. Актерот бил под истрага за наводна злоупотреба на дрога од октомври. Бил осомничен оти користи марихуана и кетамин

-

Јужнокорејскиот актер Ли Сун-кјун, најпознат по улогата во филмот „Паразит“ – добитник на четири Оскари, е пронајден мртов, објави Би-би-си откако добиле потврда од властите во Јужна Кореја.

Четириесет и осум-годишниот актер бил пронајден во бессознание во автомобил во еден од главните паркови во Сеул.

Не е јасно дали Ли си го одзел животот, но полицијата соопшти дека добила пријава оти излегол од дома откако оставил белешка.

Актерот бил под истрага за наводна злоупотреба на дрога од октомври. Новинската агенција Јонхап објави дека Ли бил осомничен оти користи марихуана и кетамин со хостеса во бар во јужнокорејскиот главен град. Ли тврдел дека, иако го зел тоа што девојката му го дала, не знаел дека станува збор за недозволени дроги.

Актерот претходно преку својот адвокат побарал да направи тест со детектор на лаги. Тестовите за дрога дале негативни или неубедливи резултати, се вели во извештајот.

Ли бил подложен на три рунди испрашување во истрагата, при што една од сесиите минатата сабота траела дури 19 часа.

Матичната агенција на актерот, преку соопштение побара јавноста да се воздржи од ширење на лажни информации кои се базираат на шпекулации.

Во филмот „Паразит“, Ли го глумеше патријархот на богатото семејство Парк во кое се инфилтрирани членови на сиромашно семејство што се претставуваат како неповрзани поединци. Социјалната сатира освои четири Оскари во 2020 година, вклучително и за најдобар филм и најдобар режисер.

Ли Сун-кјун беше оженет и имаше два мали сина, додека кариерата како актер му трае повеќе од две децении. Имаше главни улоги во десетици јужнокорејски филмови и телевизиски емисии.

Со меѓународна слава се здоби токму со „Паразит“, кој стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје што освои Оскар за најдобар филм.

Во Јужна Кореја, познатите личности се почитуваат според високи стандарди на пристојност. Прекршоците за дрога, вклучително и употребата на марихуана, се сметаат за сериозни злосторства во земјата. Консумирањето марихуана носи затворски казни до пет години.

Ли имал имиџ на семеен човек, сè до наводите за употреба на дрога, по што истрагата предизвикала значителна штета по неговата репутација. Поради ова, бил исфрлен од телевизиската серија „No Way Out“ (Без излез) која почнала да се снима во октомври.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...