Лажно се нудат елки за 123 денари

Корисниците на социјалните мрежи треба секогаш да се сомневаат кога ќе видат објава или реклама чија понуда се чини дека е предобра за да биде вистинита бидејќи тоа може да ве чини многу

-

Објавата нуди големи вештачки елки по промотивни цени од само…123 денари, односно со попуст од 99 отсто. За да ги намами своите жртви, рекламата е придружена со фотошопирана фотографија на која има кутии од елки, а една голема елка е поставена надвор од кутијата. Но, сето ова е измама. Во објавата се злоупотребува името и логото на Рамстор. Доколку ја посетите официјалната страница на Рамстор и нивните профили на социјалните мрежи, ќе забележите дека не постои елка за 123 денари, ниту пак, има промоција за таква цена, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Декември е месец на подароци, новогодишни празници и Дедо Мраз, понуди има насекаде, но покрај вистинските зделки има и многу измами. Објава во име на голем супермаркет како што е Рамстор, се шири на социјалните мрежи и ги охрабрува луѓето да направат што е можно повеќе нарачки.

Радоста на Божиќ започнува со волшебната елка! 🌟 Сега само за 123 MKD можете добити своја убава елка. Кликнете “нарачајте сега” подолу на сликата, за да го направите вашето нарачување. 🎁🏡 !!!Нека вашиот дом засјае со божиќната светлина!!!!👇, пишува во објавата.

Во неа се нудат големи вештачки елки по промотивни цени од само… 123 денари, односно со попуст од 99 отсто. За објавата да изгледа веродостојна, под неа има и коментари, каде се вели дека понудата е реална. За да ги намами своите жртви, рекламата е придружена со фотошопирана фотографија на која има кутии од елки и една елка надвор од кутија којашто е голема и пространа. На елката и пред кутиите монтирана е цена на производот од 123 денари. Но ова е лажен попуст!

Објавите за овој огромен попусти имаат низа лажни коментари од профили кои се обидуваат да ги легитимизираат чудните понуди. Па така корисникот извесен Гоце Ѓорѓиоски напишал:

Одлучив да порачам вештачка елка, се плашев дека би изгледала премногу мала, но тага залудно. Бората е многу убава и со добра висина, органично се вклопува во просторијата. Единствениот недостаток е држачот за основата на бората, кој не е многу стабилен. Мачката го сруши неколку пати. Следната година ќе монтирам посигурна држачка или ќе ставам тежини на неа. Инаку, сè е одлично, гранките лесно се движат на правилното место за монтажа бидејќи лесно се прикачуваат на точното место. Многу сум задоволен/а со својата купувачка.

Ваков коментар, напишан на чуден и нејасен македонски јазик, со реченици кои немаат логика и зборови, несвојствени за македонскиот јазик, треба веднаш да ве алармира дека станува збор за некаква измама.

Дел од профилите кои ги пишуваат коментарите прикачуваат фотографии од елки во своите домови, со цел да ги убедат корисниците на социјалните мрежи дека објавата е реална, но не е!

Притоа, лажната објава за голем попуст, ги наведува корисниците на социјалните мрежи, за да може наводно да ја добијат елката, да кликнат на копчето „Order now“ коe пренасочува на друга веб-страница. Таму пишува дека оваа понуда наводно е од големиот супермаркет Рамстор, што исто така не е вистина.

Секоја чест!

Учествуваш на промоција на Рамстор!

Распродажбата за крајот на годината веќе почна! Ramstore одлучи да направи 100 среќни луѓе со промоција каде цената на вештачката јелка со димензии 210 x 130 см е само 123 MKD. Оваа промоција е валидна само во Македонија.

Потоа оние што кликнале, се бара да пополнат прашалник:

Посетете ја анкетата за да потврдите дека сте вистинска личност заинтересирана за вештачка елка 210 x 130 cm. Побрзајте, цените се ограничени!.

Фото: Принтскрин пост

Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и потоа се бара од корисниците да пополнат информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата, со што може да станете жртва на финансиска измама.

Горенаведениот пример го злоупотребува името и логото на Рамстор. Доколку ја посетите официјалната страница на Рамстор и нивните профили на социјалните мрежи ќе забележите дека не постои елка за 123 денари, ниту пак, има промоција за таква цена.

Ваква слична „понуда“ со огромен попуст се споделувала и во Романија пред неколку дена каде што е искористена истата фотографија, но цените се во романска валута – леи, исто така, со 99 отсто попуст.

Фејсбук-страницата Веќе треба да украсуваме од којашто се споделува понудата, нема никаква вистинска комуникација со корисници и има само 63 следачи и малку интеракции. Како адреса е ставен градот Велес, а како веб-страница е ставен пребарувачот Гугл. Сè што е објавено на страницата се оваа и уште една ваква објава со понуда за елка од 123 денари.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Корисниците на социјалните мрежи треба секогаш да се сомневаат кога ќе видат објава или реклама чија понуда се чини дека е предобра за да биде вистинита бидејќи тоа може да ве чини многу. Многу треба да сте внимателни со какви било веб-страници кои ви бараат лични податоци, особено податоци од банкарски сметки бидејќи може да станете жртви и на финансиска измама.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...