среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: актер | 30 резултати

Почина актерот Метју Пери, ѕвездата од серијата „Пријатели“

октомври 29, 2023

Американскиот актер Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во телевизискиот ситком од 90-тите години – „Friends“ (Пријатели), почина на 54-годишна возраст. Актерот бил пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Тамошната полиција ја истражува смртта, јави Си-ен-ен. Во моментов нема сомнежи дека станува збор за кривично дело, но инцидентот е под истрага […]

Почина актерот Трајче Ѓоргиев

јуни 3, 2023

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека починал актерот Трајче Ѓоргиев (роден 1967 година). Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1991 година. Дел е од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989), преку […]

Објава на Фејсбук ја прикажува смртта на актерот Душко Костовски како нова вест

јануари 28, 2023

Очигледно е дека целта на постот била да се привлечат што е можно повеќе кликови и реакции на Фејсбук, па поради тоа и веста е суптилно пренесена да делува како да е нова. Никаде во постот не се спомнува дека станува збор за сеќавање на смртта на актерот Душко Костовски, или пак дека поминале 28 […]

Стивен Спилберг триумфираше на „Златен глобус“

јануари 11, 2023

„Фабелманови“ на легендарниот холивудски режисер и продуцент Стивен Спилберг во годинашното издание на филмските награди „Златен глобус“ ја доби наградата за најдобар филм – драма, а во категоријата „мјузикл или комедија“ за најдобар беше прогласен филмот „Баншите од Инишерин“, кој раскажува за крајот на едно машко пријателство на оддалечен ирски остров. Спилберг го доби и […]

Почина актерот Вилијам Херт, ѕвездата на филмот „Бакнеж на жената-пајак“

март 14, 2022

Вчера, во својата 71-ва година, на само една недела пред својот 72-ри роденден почина легендарниот филмски актер Вилијам Херт. „Имаше мирна смрт, од природни причини и во последните моменти беше со своето семејство“, вели неговиот син, Вил, пренесе Варајети. Херт се најде на врвот на листата најдобри актери во осумдесетите години на минатиот век. По […]

Вистиномер: На видеото не е прикажан воскреснат мртовец, туку руски актер во играна серија

февруари 9, 2022

Станува збор за видео сценирано за потребите на руска играна серија. На видеото нема мртовец кој воскреснува, туку тоа е прикажан актерот Андреј Мерзликин како го создава работниот материјал за снимањето на серијата „Здраво повторно!“. Трејлерот за оваа серија  е поставен на каналот „Јутјуб“ од средината на декември минатата година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Почина актерот Пол Ритер, познат по култната реченица „Not great, not terrible“ во серијата Чернобил

април 6, 2021

Почина британскиот актер Пол Ритер на 54-годишна возраст од тумор на мозокот, соопшти неговиот агент. „Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Франк и Ном покрај него. Имаше 54 години и страдаше од тумор на мозокот. Пол беше исклучително талентиран актер. Беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува“, изјавил […]

Почина индискиот актер Ирфан Кан

април 29, 2020

На 53 годишна возраст почина индискиот глумец Ирфан Кан. Тој бил примен во болница во Мумбаи поради инфекција на дебелото црево, каде и што починал. Во 2018 му беше дијагностициран ендокрин тумор, а во 2019 година се лекуваше во Лондон. „Ирфан беше силна душа, некој што се бореше до самиот крај и секогаш ги инспирираше […]

Почина актерот Салаетин Билал

мај 11, 2018

На 76-годишна возраст почина Салаетин Билал (76), македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер, кој играше во голем број филмови, телевизиски серии и театарскии претстави. Во неговата биографија, меѓу другите, се запишани филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Време води“ (1980), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Зад непријателските линии“,  „Прашина“ (2001), преку „Илузија“ (2004), „Сенки“ (2007), […]

Почина славниот актер Љубиша Самарџиќ

септември 9, 2017

Љубиша Самарџиќ, еден од најславните актери во Србија, но и во поранешна СФРЈ, починал во Белград во 81. година од животот, објавија утрово српските медиуми. Тој починал по едномесечно лечење од леукемија на одделот за хематологија во клиничкиот центар во Србија. Љубиша Самарџиќ во декември минатата година имаше тешка операција на тумор на мозокот. Неговото […]

Почина познатиот актер Роџер Мур

мај 23, 2017

Британскиот актер Роџер Мур почина во 89-година од животот, соопшти семејство на „Твитер“. Мур кратко време боледуваше од рак. Почина ви Швајцарија каде живееше во последните години. Во текот на кариерата оствари серија филмски улоги, а љубителите на филмот ќе го паметат по улогата на тајниот агент 007, Џејмс Бонд, кого го овековечи во неколку […]

Наградата „Ристо Шишков“ годинава во рацете на актерот Зијах Соколовиќ

септември 13, 2016

Претставата „Мечка“ на Чехов со интеракција на џез-трио на сцената, му ја донесе на Зијах Соколовиќ единствената актерска награда на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Соколовиќ, откако ја прими наградата за највисоко актерско остварување, направи споредба меѓу актерите од овие простори и тие во Европа. – Свеста за актерот се затвора во некои мали […]

Почина српскиот актер Милорад Мандиќ – Манда

јуни 15, 2016

Актерот Милорад Мандиќ – Манда почина во 55. година од животот, откако му се слошило на сцената додека ја изведувал претставата „Петар Пан“ во белградскиот театар „Бошко Буха“, јавува РТС. Причина за смртта на актерот е срцев удар. На премиерната изведба на детската претстава, на Мандиќ му се слошило на сцената, поради што претставата била […]

Почина актерот Велимир Бата Живоиновиќ

мај 23, 2016

Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ починал синоќа во болница во Белград, на 83-годишна возраст, објавија српските медиуми. Големиот актер подолго време се бореше со болеста. Живоиновиќ глумеше во огромен број серии и филмови и повеќе од шест децении беше еден од најсаканите балкански глумци. Живоиновиќ се занимаваше со политика, а во неколку мандати беше и […]

Почина актерот Ацо Јовановски

март 19, 2016

Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина актерот Ацо Јовановски, бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскиот театар од Скопје. Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 во Скопје. Тој е од првата генерација дипломирани актери, а во текот на својата богата кариера работеше во театар, на филм […]

Тони Михајловски, нов уметнички директор на МНТ

ноември 26, 2015

За нов уметнички директор на Македонскиот народен театар, од денеска е поставен актерот Тони Михајловски. Тој доаѓа на оваа функција на местото на Дејан Пројковски, кој само еден месец беше директор на најголемата национална театарска институција во Македонија. Оваа е прва ваква висока раководна функција на Михајловски од неговото вработување во МНТ, во 1994 година.

Рики Џервејс, водител на „Златен глобус 2016“

октомври 28, 2015

Актерот Рики Џервејс ќе добие шанса да ја води манифестацијата „Златен глобус“ по пауза од три години. Англискиот актер, комичар и водител е назначен да биде домаќин и водител на „Златен глобус“, на церемонијата во 2016 година. Тој претходно ја извршуваше оваа должност трипати (во 2010, 2011 и во 2012 година), и покрај тоа што доби одлични рејтинзи […]

Орландо Блум ги посети бегалците во Гевгелија

септември 29, 2015

Познатиот актер Орландо Блум утрово пристигна во прифатниот камп за бегалци во Гевгелија. Тој разговараше со дел од мигрантите и се интересираше за нивниот пат, за проблемите во нивните татковини, а особено за децата што минуваат илјадници километри за да стигнат до Западна Европа. За време на неговиот престој во кампот, актерот испрати и еден од специјалните […]

Почина актерот Кристофер Ли

јуни 11, 2015

Актерот Кристофер Ли почина на 93-годишна возраст, јавија странските медиуми. Актерот починал во болница откако бил хоспитализиран поради проблеми со дишењето и затајување на работата на срцето. Славниот актер, кој е познат по бројни улоги, од Дракула до Саруман во филмската адаптација на делата на Толкин, починал во неделата наутро во болница во Лондон, тврдат […]

Почина актерот Благоја Спирковски-Џумерко

јуни 11, 2015

Неповторливиот македонски актер, Благоја Спирковски – Џумерко, почина денеска на 69-годишна возраст. Тој одигра голем број театарски и филмски улоги, а најзапаметен ќе остане по изведбата на ликот на Итар Пејо во „Солунски патрдии“. Благоја Спирковски – Џумерко беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до своето пензионирање. Остави значаен белег во […]

Страна 1 од 2