fbpx

Не е точно дека предвреме заокружени ливчиња за Бајден се броеле во Детроит

Тогашниот директор на изборната комисија за пребројување на гласовите во Мичиген, кој работел во ТFC центарот (местото во Детроит за пребројување на гласовите чиј лик се гледа и во видеото од постот кој го рецензираме), изјави дека никогаш во местото не пребројувале гласачки ливчиња од гласови дадени после крајниот рок кој бил 20 часот претходната вечер

-

Нема ништо незаконско или нерегуларно во тоа гласачките кутии да се носат на место за пребројување 8 часа после завршувањето на гласањето. Меѓу овие гласачки ливчиња што се донесени на пребројување, имало не само гласови за Бајден, како што лажно се тврди во постот кој го рецензираме, туку имало гласови и за неговиот тогашен противкандидат Доналд Трамп. Но, во постот невистинито се тврди дека гласовите биле само за Бајден, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

САД. Ноќта на изборите. Предвреме заокружени ливчиња за Бајден беа внесени со бело комбе.

Видео материјалот прикажува бело комбе како се паркира пред влезна врата во подземен паркинг простор и од него истоварени се бели кутии или вреќи (поради ниската резолуција на видеото ова е неодредено), по што го напушта просторот. Лицето кое зборува во видеото, коментира дека снимката е од TCF центарот (центар во Детроит, Мичиген, кој во 2020 година служеше како место каде се броеа гласовите) и дека настанот е од изборната вечер во САД, како и дека во кутиите имало гласачки ливчиња.

Меѓутоа, никакви нерегуларности немаше во TFC центарот во Детроит, Мичиген во 2020 година и видеото кое е прикажано во постот што го рецензираме не е доказ дека гласачките ливчиња биле за Бајден, со што се сугерира на изборна измама. Проверувачите на факти на Политифакт веќе се имаат занимавано со ова видео во февруари 2021 година.

Видеото од постот што го рецензираме (само од друг агол), првпат е објавено од страна на веб сајтот Gateway Pundit – читан онлајн медиум со конзервативни вредности и на него се гледа бело комбе кое доставува гласачки ливчиња. Во текстот на Gateway Pundit се тврди дека крајниот рок за гласање бил 20 часот навечер, а ливчињата осум часа подоцна, среде ноќ биле доставувани во центарот за пребројување.

 

Крајниот рок за гласање и рокот за доставувањето на ливчињата не мора да се совпаѓаат

На денот на изборите (3 ноември 2020 година), до 20 часот навечер, гласачите имаа право да гласаат. Но, тој краен рок за гласање на 3 ноември не значи дека после 20 часот гласачките ливчиња не смее да се доставуваат до центарот за пребројување на гласовите. На видеото се гледа комбе како доставува гласачки ливчиња рано утрото на 4 ноември, на местото за пребројување, а гласачките ливчиња претходно биле процесирани согласно законот и тоа за Политифакт го потврдиле овластени лица за изборниот процес.

Во Мичиген, гласачите имаа право да гласаат до 20 часот вечерта на 3 ноември 2020 година. Овој краен рок не се однесува на пребројувањето на гласовите, туку се однесува на гласањето. А, во видеото од постот кој го рецензираме, се гледаат кутии од гласови заклучно со претходната вечер, како се однесени во центарот и каде тие беа пребројувани ноќта после гласањето! Нема ништо незаконско или нерегуларно во тоа гласачките кутии да се носат на место за пребројување 8 часа после завршувањето на гласањето. Меѓу овие гласачки ливчиња што се донесени на пребројување, имало не само гласови за Џо Бајден, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме, туку имало гласови и за неговиот тогашен противкандидат Доналд Трамп. Но, во постот невистинито се тврди дека гласовите биле само за Бајден, за да се сугерира дека изборите се наместени и дека се полнеле гласачките кутии во полза на Бајден што не е вистина.

 

Томас: „Не броевме нерегуларни гласачки ливчиња“

Тогашниот директор на изборната комисија за пребројување на гласовите во Мичиген, кој работел во ТFC центарот (местото во Детроит за пребројување на гласовите чиј лик се гледа и во видеото од постот кој го рецензираме), изјави дека никогаш во местото не пребројувале гласачки ливчиња од гласови дадени после крајниот рок кој бил 20 часот претходната вечер.

Во TFC центарот броевме само гласачки ливчиња за кои гласачите гласале до 20 часот претходната вечер, изјави Кристофер Томас, а објавуваат проверувачите на факти на Политифакт, додавајќи дека „тоа што ливчињата се доставени за броење ноќе, не значи дека се нерегуларни или дека се гласови дадени после 20 часот кога бил крајниот рок за гласање“.

Како што пишува Политифакт, ливчињата биле собирани до 20 часот дента на изборите, после што сите ливчиња биле процесирани од страна на персонал задолжен за тоа. Дури откако ливчињата биле валидизирани, биле доставени до TFC центарот за комисиите да ги бројат. Значи, на видеото од постот кој го рецензираме се гледаат гласачки ливчиња кои треба да се избројат допрва согласно законската регулатива на Мичиген и меѓу нив има и гласови за Трамп и гласови за Бајден, кој победи на претседателските избори во 2020 година.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека предвреме заокружени ливчиња за Бајден биле внесени на пребројување во Мичиген. Освен тоа, ливчињата се со гласови за двајцата тогашни кандидати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...