fbpx

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

-

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден ги доби мноштвото од гласовите, а резултатот подоцна беше верификуван од американскиот конгрес. Бајден беше инаугуриран за претседател на САД на 20 јануари 2021 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека 46 од 50 држави ги преброиле гласовите во САД и потврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава на претседателските избори.

Медиумите не кажаа ништо за ова и продолжуваат да го игнорираат, заклучува авторот на постот.

Меѓутоа, не е вистина дека Бајден изгубил во 46 држави на претседателските избори во 2020.

Ваквата дезинформација фигурира во постот што го рецензираме и покрај тоа што Бајден е официјално инаугуриран за претседател на САД. Во постот се насетува стариот наратив на Трамп, според кој за неговото губење на претседателските избори, виновна е изборна измама, што не е вистина.

Бајден ги доби мноштвото од гласовите, а резултатот подоцна беше верификуван од американскиот конгрес. Бајден беше инаугуриран за претседател на САД на 20 јануари 2021 година.
Пребројувања на гласовите, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, беа спроведени во Висконсин, Аризона и Тексас, како и во Џорџија.

 

Во Аризона, победата на Бајден во Марикопа Каунти најнаселената општина во државата и критична територија, беше потврдена со рачно пребројување на гласовите и повеќе направени тестови за точност после гласањето, форсирани од страна на Републиканците.

Во Дејн Каунти и Милвоки Каунти, двете најголеми единици во Висконсин, исто така имаше пребројување на гласовите и потврдено беше дека Бајден го победил Трамп за повеќе од 20 илјади гласови.

Трамп победи во Тексас, но на 20 септември 2020 година но побара пребројување на гласовите во четирите најнаселени каунтија во Тексас, а тоа се Харис, Далас, Таант и Колин.

До 31 декември 2021 година, локални медиуми известија дека резултатите од пребројувањето не резултирале со значајни разлики.

Џорџија исто така спроведе три пребројувања на гласачките ливчиња од претседателските избори кои потврдија дека Бајден е победник.

Пенсилванија, исто така, спроведе инспекција од резултатите од изборите што се одржаа во ноември 2020 година и утврдено е дека Трамп загубил од Бајден за 81 илјади гласови.

По изборите во 2020 година, поранешниот претседател Доналд Трамп, и некои републиканци, одново и одново бараа да се пребројат гласовите обвинувајќи за изборна измама, извести тогаш „Гардијан“.

Според „Асошиејтед Прес“, серија на проверки биле направени и во Марикопа во Аризона и крајниот Извештај од март 2022 година покажал дека нема докази за измама во општината.

Бајден победи со 306 гласови споредено со 232 на Трамп според „Њујорк Тајмс“.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава. Дополнително, пребројувања од претседателските избори во 2020 година, не беа спроведени во 46 држави, како што се тврди во постот што го рецензираме. Бајден е претседател на САД избран на регуларни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...