fbpx

Советот за безбедност на ОН изгласа резолуција за примирје во Газа

Резолуцијата беше ставена на гласање од САД. Сите членови на Советот за безбедност гласаа за неа, освен Русија, која беше воздржана

-

Советот за безбедност на Обединетите нации изгласа резолуција за примирје во Газа. Резолуцијата беше ставена на гласање од САД. Сите петнаесет членови на Советот за безбедност гласаа за неа, освен Русија, која беше воздржана, пренесува Гардијан.

Во резолуцијата се наведени три фази на прекин на огнот. Во првата фаза, која би траела шест недели, е предвиден целосен прекин на огнот и размена на затвореници. Израел би ослободиле палестински затвореници, додека Хамас би ослободиле жени, деца и стари лица од заложниците кои ги заробија за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври.

Во втората фаза на примирјето би се склучил договор за траен прекин на огнот, каде САД, Египет и Катар ќе бидат вклучени како посредници. Во третата фаза, пак, ќе се работи на изградба на Газа.

Хамас ја поздрави резолуцијата, што сепак не претставува официјално прифаќање на истата.

Израел, исто така, иницијално ја поддржа резолуцијата, но пораките од високите функционери на државата се поинакви. Откако центарски-ориентираниот министер без ресор Бени Ганц си даде оставка изминатиот викенд, во кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остануваат само крајнодесничарските политичари како министерот за финансии Безалел Смотрич, кој по оставката на Ганц изјави оти не би прифатил каков било договор за примирје.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денес е во посета на Израел, каде ќе се сретне со Ганц и Јаир Лапид, лидерот на опозицијата. Тој вели дека иницијалното поздравување на договорот од страна на Хамас е „добар знак“.

Истовремено, Канцеларија на Високиот комесар за човекови права на ОН (ОХЦХР) коментираше на израелската спасувачка мисија, каде израелските одбранбени сили ослободија четири од заложниците заробени на 7 октомври. Во операцијата, израелските сили убија преку двесте Палестинци. Според ОХЦХР, убивањето на толкав број на Палестинци од страна Израел како и криењето на заложници во толку густонаселени региони од страна Хамас можат да претставуваат воени злосторства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...