Претставите „Ало! Ало!“, „Дупло дно“ и „Кенди“ вечерва ќе се изведуваат во Прилеп

Претставата беше распродадена една недела пред да започне фестивалот „Војдан Чернодрински“, во чии рамки се одржува

-

Претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов на Театар „Комедија“ ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Центар за култура „Марко Цепенков“. Претставата беше распродадена една недела пред да започне фестивалот „Војдан Чернодрински“, во чии рамки се одржува претставата. Улогите ги толкуваат Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Асен Алберто, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски.

„Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај Јорго“, во окупираното Скопје за време на Втората светска војна.

Во 22 часот ќе биде изведена и претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска. Играат: Катерина Чакмакоска- Клинческа (Кристина), Даниела Иваноска (Параскева), Димитар Ѓорѓиевски (Божо), Игор Трпчески (Јаков), Зоран Иваноски (Лудакот) и Михајло Миленкоски (Нове).

На полноќ на сцената 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе гостува Театар „Златен Елец“ со претставата „Кенди“. Улогите ги толкуваат Бобан Алексоски и Лео Поповиќ.

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од 160 километри...

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Според најновите достапни податоци, децата во Северна Македонија се изложени на значително повисок ризик од сиромаштија од возрасните, при што 32 отсто живеат под националниот праг на сиромаштија, а 40 отсто...

Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. И двајцата за Вистиномер потврдија дека документите кои се...

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложбата на ликовниот уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ или како што тој вели поточно „Далдисај во мене“. Неговите две претходни...

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од...