понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: претстава | 42 резултати

Претставите „Ало! Ало!“, „Дупло дно“ и „Кенди“ вечерва ќе се изведуваат во Прилеп

11 јуни 2024

Претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов на Театар „Комедија“ ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Центар за култура „Марко Цепенков“. Претставата беше распродадена една недела пред да започне фестивалот „Војдан Чернодрински“, во чии рамки се одржува претставата. Улогите ги толкуваат Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Асен Алберто, Сергеј […]

Во Прилеп отворено 58 издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

8 јуни 2024

Синоќа во Прилеп, во Центарот за култура беше отворено 58 издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, на Драмскиот театар од Скопје, беше првата претстава од официјалната програма што ја виде публиката. Денес на пладне е организирана тркалезна маса со екипата на фестивалот. Во библиотеката „Борка Талески“ беше отворена изложба […]

Изведба на претставата „Баба самурај“ во петок на Филозофски факултет

5 јуни 2024

Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ. Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет. „Шоко Ито […]

Новата сезона во НОБ започнува со операта „Лидија од Македонија“

11 септември 2023

Новата сезона во Националната опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16 септември 2023 со почеток во 20 часот, информираат оттаму. „Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата […]

Претставата „Народен непријател“ на МНТ гостува на фестивал во Италија

2 ноември 2022

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тото издание на фестивалот „Quartieri dell’Arte“ во Италија, соопштија од Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата ќе има само една изведба на 5 ноември на сцената во театарот во Витербо. Од МНТ додаваат дека ова е главниот италијански фестивал на современото пишување, […]

Со пренос во живо вечерва ќе се одигра претставата „Иднината е приватна“

9 септември 2020

Вечерва со почеток во 20 часот во денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) актерите ќе ја одиграат претставата „Иднината е приватна“, а сите заинтересирани ќе може да ја проследат истата во живо на платформата Basita.live. „Актерите ќе играат во присуство на максимум тројца гледачи, физички присутни во истиот простор со нив, додека истовремено ќе […]

Премиера на „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски во прилепскиот театар

26 април 2018

На сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” утре со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Првата реприза е закажана за задутре во 20 часот. Оваа претстава на прилепскиот театар претставува второ поставување на култниот роман „Пиреј” од Петре М. Андреевски на театарска сцена. Драматизацијата ја […]

Спасов: Глумците што одбија да ја играат „Ничија земја“ ќе бидат казнети

2 декември 2017

Вршителот на должност директор на Македонски народен театар (МНТ), Драган Спасов – Дац, најави дека, глумците, кои синоќа одбиле да ја играат претставата „Ничија земја“, ќе бидат казнети. „Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата „Ничија земја“, како поддршка за приведените глумци што беа инволвирани во случувањата […]

Претставата „Европејци“ премиерно пред тетовската публика на 22 април

17 април 2017

Претставата „Европејци“ од српскиот драмски писател Мирољуб Неделковиќ, премиерно ќе се одржи во Центарот за култура „Ило Антески Смок“ во Тетово на 22 април. Претставата е современа комедија која ги исмејува балканскиот и македонскиот менталитет. – Во оваа претстава се прикажува кој е поголем Македонец. Публиката ќе излезе насмеана, но и замислена – вели актерот […]

Наградата „Ристо Шишков“ годинава во рацете на актерот Зијах Соколовиќ

13 септември 2016

Претставата „Мечка“ на Чехов со интеракција на џез-трио на сцената, му ја донесе на Зијах Соколовиќ единствената актерска награда на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Соколовиќ, откако ја прими наградата за највисоко актерско остварување, направи споредба меѓу актерите од овие простори и тие во Европа. – Свеста за актерот се затвора во некои мали […]

Премиера на претставата „На дното“ на Пројковски во штипскиот театар

2 септември 2016

Претставата „На дното“ по делото на Максим Горки во режија на Дејан Пројковски премиерно ќе се игра в недела во алтернативниот простор на фундусот на сцената на Домот на културата во Штип. Пројковски оваа претстава на денешната прес-конференција ја нарече „патетика на баналното“, работена во екстремно радикална форма. – Претставата е метафора за луѓето кои […]

Вечерва на „Охридско лето“ претставата „Бар Ремарк“

3 август 2016

На музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“, публиката вечерва ќе може да ја проследи премиерата на театарската претстава „Бар Ремарк“. Претставата е работена по текстот „Тројца другари“ од Ерих Марија Ремарк, а ја режира Александар Бартман. Ја играат актерите од  Народен театар од Битола, на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 21 часот.

„Сонети“ од Шекспир вечерва на „Охридско лето“

31 јули 2016

Во рамките на „Младото театарско лето“ на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“, Народниот театар од Битола ќе ја одигра театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир во режија на Ангелчо Илиевски и на Јован Ристовски. – Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, […]

На „Охридско лето“ театарска претстава „Арторкестра“ од Букурешт

28 јули 2016

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ е театарската претстава „Арторкестра“ на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, во режија на Хорија Суру. Најавена е како хумористичната приказна, во која тројцата ликови се борат за непредвидливата патека која води кон сцената. Претставата е во рамките на „Младо театарско Охридско лето“, а ќе се одигра во предворјето […]

Утре премиера на „Љубовен маратон“ во штипскиот театар

18 јули 2016

Премиерата на комедијата „Љубовен маратон“, претстава за женет маж кој решава да тргне по нови животни возбудувања, изневерувајќи ја својата сопруга, ќе биде изведена утре во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето“. Оваа претстава е е работена по дело на Нил Сајмон, а во режија на Никола Ристов. За режисерот, ова е вторпат во тетарот во Штип […]

Вечерва на „Охридско лето“ гостува Турскиот театар од Скопје

16 јули 2016

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Света Софија“, гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Комедија на грешки“ од Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски. Текстот „Комедија на грешки“ е меѓу првите комедии што ги напишал Вилијам Шекспир и е базиран на постар текст од Плаут, од римско време, а за првпат […]

„Вдиши театар“ во Охрид

1 јуни 2016

Од вечерва, со почеток во 20.30 часот, во Охрид ќе се одржува годинешниот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“. Манифестацијата ќе биде свечено отворена во предворјето на црквата Св. Софија, со театарската претстава „Фортуна“, работена по истоимениот расказ од Живко Чинго, во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст од Охрид. […]

Овации на Фестивалот на монодрамата за репликата „Власта ја уби интелигенцијата“

5 мај 2016

„Власта ја уби интелигенцијата!“ Токму оваа реплика на актерот Емил Рубен во претставата „Животот е прекрасен“ доби громогласен аплауз на синоќешното отворање на 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“. Голем дел од публиката во театарот не остана рамнодушна на репликите во кои препозна поврзаност со актуелните случувања во државата, особено на тие во кои се […]

Претстава за предавството во штипскиот театар

20 април 2016

Психолошкиот аспект на предавството и вечниот сомнеж на Македонецот за предавникот во себе, е основата на која е правена претставата „Суд“ по текст на Коле Чашуле, што премиерно ќе биде изведена в петок, во Народниот театар во Штип. Новата претстава ја потпиша младиот режисер од Штип, Дамјан Читкушев. – Станува збор за многу комплексно дело. Една од […]

„Стари времиња“ по повод Светскиот ден на театарот

26 март 2016

По повод Светскиот ден на театарот, Народниот театар од Охрид, утре од 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Стари Времиња“ од Харолд Пинтер. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, а играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ. Костимографијата е на Роза Трајческа – Ристовска, сценографијата […]

Страна 1 од 2