Претставата „Народен непријател“ на МНТ гостува на фестивал во Италија

фото: Македонски народен театар (МНТ)

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тото издание на фестивалот „Quartieri dell’Arte“ во Италија, соопштија од Македонскиот народен театар (МНТ).

Претставата ќе има само една изведба на 5 ноември на сцената во театарот во Витербо. Од МНТ додаваат дека ова е главниот италијански фестивал на современото пишување, кој секоја година се одржува во областа Витербо и во Рим, а е предводен од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети.

„Фестивалот создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмск и постраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови „хибридни“ стратегии за пишување на нови драми“, велат од МНТ.

Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка во Западен Балкан.