fbpx

Премиера на претставата „На дното“ на Пројковски во штипскиот театар

-

Претставата „На дното“ по делото на Максим Горки во режија на Дејан Пројковски премиерно ќе се игра в недела во алтернативниот простор на фундусот на сцената на Домот на културата во Штип.

Пројковски оваа претстава на денешната прес-конференција ја нарече „патетика на баналното“, работена во екстремно радикална форма.

– Претставата е метафора за луѓето кои ја губат вербата во себе, а не застануваат да се погледнат пред огледало. Водата во која играаат актерите е симбол на калта во која се заглавени – изјави Пројковски.

Дванаесет актери учествуваат во претставата, меѓу кои и студенти на Пројковски. Во актерската екипа е и пензионираниот актер Стојан Арев, кој во деновите на подготовките рече дека се чувствувал буквално како да го пливале Охридскиот маратон по десетте часа интензивна работа.

Костимите и сценографијата се на Валентин Светозарев, а музиката ја работеше традиционалниот соработник на Пројковски, Горан Трајкоски.

Оваа екипа ја работеше и најтрофејната претстава на Народниот театар од Штип, „Бегалка“, во која актерката, која и сега игра, Рујиш Беговска, стана лауреат на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...