Овации на Фестивалот на монодрамата за репликата „Власта ја уби интелигенцијата“

-

„Власта ја уби интелигенцијата!“ Токму оваа реплика на актерот Емил Рубен во претставата „Животот е прекрасен“ доби громогласен аплауз на синоќешното отворање на 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“.

Голем дел од публиката во театарот не остана рамнодушна на репликите во кои препозна поврзаност со актуелните случувања во државата, особено на тие во кои се критикуваше власта, за партизирање на сите сегменти од уметноста.

Од друга страна, пак, дел од публиката покажа негодување кога во официјалниот протокол беше најавено меѓународното жири на чело со актерот Петар Темелковски, во кое, меѓу другите членува и драматургот Братислав Димитров од Македонија.

Многумина гласно коментираат дека годинава актерите на фестивалот ќе ги оценуваат членови на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

Почетокот на фестивалот помина во исчекување на публиката каква герила-акција ќе биде приредена за градоначалникот Владимир Талески од членовите на „Протестирам“. Талески влезе на претставата од задниот влез на театарот откако беше информиран дека герилците го чекаат со транспаренти „Честито аболиција“ и „Долу маските “.

Незнаејќи какво изненадување го чека, Талески и за време на паузата помеѓу двата чина во претставата остана да седи на своето столче.

Претставата на режисерот Александар Морфов „Животот е прекрасен“, во изведба на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа во Центарот за култура – Битола го означи почетокот на Фестивалот на монодрама, на кој учестуваат актери од САД, Литванија, Србија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Израел и од Македонија.

На фестивалот ќе бидат изведени 17 монодрамски остварувања, од кои 13 во официјалната фестивалска конкуренција, а четири како придружен дел на фестивалската програма.

Во меѓународното жири, покрај Темелковски и Димитров, членуваат и Билјана Крајчевска од Македонија, Нина Мазур од Украина и Иван Лео Лемо од Хрватска.

– Монодрамите се есенцијален театар. Фасцинантно е што сè може да се каже за еден час, колку што обично трае една монодрама, но тоа е и дополнително тешко за еден актер да успее да ја задржи својата и концентрацијата на публиката – рече хрватскиот режисер Лемо, лански победник на фестивалот во Битола.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...