Одбрани песни од поетите Мишо Китаноски, Петко Шипинкаровски и Димо Димчев објавени се, во печатена и во електронска верзија, во најновиот број, за март и за април, на книжевното списание „Хелис“ во Романија.
Преводот на стиховите на романски го направи македонскиот поет Димо Н. Димчев, а списанието го уредува угледниот романски поет Ѓеорѓи Добре.
Објавувањето на творештвото на македонските поети книжевното списание „Хелис“ го прави во континуитет.