fbpx

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за резолуција за примирје во Газа

Резолуцијата нема да апелира за „прекин на огнот“, туку за „суспензија на огнот“, со цел да се добие поддршка од САД

-

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе гласа за резолуција за примирје во Газа. Се очекуваше вчера да се одржи гласањето, но истото беше одложено за да се допрецизира формулацијата на барањето на резолуцијата, известува Би-би-си. Конкретно, се ублажува барањето на „прекин на огнот“ во „суспензија на огнот“, со цел да се добие поддршка и од Соединетите Американски Држави при гласањето на резолуцијата.

На претходното гласање за резолуција за примирје во Советот на безбедност, истата беше блокирана од САД, која е традиционално најблизок и долгогодишен сојузник на Израел.

Арапските земји кои се вклучени во преговорите за текстот на резолуцијата велат дека го поздравуваат тоа што претставниците на САД се залагаат да се адаптира резолуцијата, наместо само да постават вето.

Дополнително, министерот за одбрана на САД Лојд Остин вели дека Вашингтон имале средби со Израел за да се дискутира „похируршки“ пристап на израелските операции во Газа, каде ќе се таргетираат конкретни оперативци на Хамас, наспроти досегашните напади од „масовен интензитет“.

Сепак, Остин изјави дека поддршката на САД за Израел е „железно цврста“ и оти би продолжиле со финансирање на израелската војска, како и директно да ја снабдуваат со оружје.

Дополнително, како што беше најавено, САД ќе формира коалиција со десет арапски земји за заштитување на пратките кои поминуваат низ Црвеното море. Во последните недели се забележани бројни напади врз бродови кои минуваат во регионот, особено тие кои носат гориво до Израел. Истите се нападнати од страна на јеменските исламистички екстремисти Хути, во знак на поддршка за Газа. Како реакција на овие напади, „Бритиш петролеум“ ги запре сите свои пратки низ Црвеното море.

Во Газа, пак, продолжува масовното бомбардирање. Во Рафах, палестинскиот град на граница со Египет, се убиени 20 луѓе во воздушно бомбардирање претходната вечер. Меѓу жртвите е и новинар. Досега најмалку 64 новинари биле убиени во Газа од почетокот на конфликтот, а октомври се смета за најсмртоносниот месец за новинари од 1992 година.

Израел бомбардираше камп за бегалци во Газа, најмалку 90 загинати

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...