fbpx

Израел бомбардираше камп за бегалци во Газа, најмалку 90 загинати

Дополнително, Советот за безбедност на ОН денес повторно ќе гласа за примирје во Газа, откако минатата недела САД блокираше слична резолуција

-

Синоќа израелските одбранбени сили го бомбардираа кампот за бегалци Џабалија, кој се наоѓа на северот на појасот Газа. Според Mинистерството за здравство на Газа, во нападот има најмалку 90 загинати, известува Гардијан.

Ова не е првпат кампот Џабалија да биде бомбардиран од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Газа, кој започна на 7 октомври. Џабалија беше таргетиран на 31 октомври.

Дополнително, Светската здравствена организација (СЗО) реагираше на рацијата на израелските сили на болницата Камал Адван. Генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејсус вели оти болницата била нефункционална последните неколку денови и дека рацијата резултирала со смрт на осум пациенти.

Досега се забележани најмалку 18.700 убиени во Газа од почетокот на конфликтот.

„Состојбата во Газа е апсолутно без преседан и е запрепастувачка. За 40 дена се убиени повеќе жени и деца од бројот на вкупно убиени цивили во војната во Украина“, изјави Филипе Лацарини, директорот на агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци.

Застрашувачката состојба во Газа продолжува да предизвикува апели за примирје. Министрите за надворешни работи на Британија и Германија објавија заеднички напис во Сандеј тајмс во кој апелираа за примирје.

Се очекува денес да гласа Советот за безбедност на ОН повторно да гласа на резолуција за примирје во појасот Газа. Ова гласање доаѓа неколку денови откако се изгласа резолуција за примирје во генералното собрание на ОН, но и неколку денови откако не помина резолуција за примирје во советот за безбедност – Соединетите Американски Држави ја блокираа резолуцијата.

Директорот на израелската разузнавачка агенција Мосад се сретна со премиерот на Катар со цел повторно отпочнување на преговори за примирје. Дипломатски извори велат дека средбата била продуктивна и оти двете страни се расположени за договор, иако сè уште постоеле несогласувања околу деталите на договорот. Имено, Хамас се залага тие да го одредат списокот на заложници кои ќе бидат ослободени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...