fbpx

Mинистерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила

Најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани

-

Министерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила, информираат денеска оттаму. Надлежните велат дека утврдиле потреба за набавка на нови амбулантни возила за јавните здравствени установи во државата.

„Најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани. Министерството изготви и до Владата достави информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила. Овие возила ќе имаат надоградена медицинска опрема“, иинформираат од Министерството за здравство.

Постапката за јавна набавка на 22 амбулантни возила со надоградена медицинска опрема е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки на 05.12.2023 година, со оглас број 21959/2023. Во моментот постапката е во фаза на доставување на понуди на економските оператори, а рокот за доставување истекува на 5 јануари следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...