Во руските напади врз Украина за само 5 дена загинале 90 цивили, меѓу кои две деца

Секој случај на смрт на цивили ќе биде независно верификуван од Мисијата, се вели во соопштението на Набљудувачката мисија на Обединетите Нации за човекови права во Украина

-

Набљудувачката мисија на Обединетите Нации за човекови права во Украина регистрирала 90 смртни случаи на цивили во Украина, вклучително и две деца. Вкупно 421 лица се повредени во 12 региони откако Русите лансираа проектили и беспилотни летала кон Украина на 29 декември. Ова се тврди во извештајот на Мисијата објавен на Фејсбук, пренесува Укринформ.

„Овде се вклучени гранатирањата и ракетните напади во кои наводно загинале осум цивили, а 29 се повредени во областите окупирани од Русија, во регионот на Доњецк. Секој случај на смрт на цивили ќе биде независно верификуван од Мисијата“, се вели во соопштението.

Набљудувачката мисија на ОН извести дека нејзиниот персонал го посетил квартот Соломјански во Киев и соседниот град Вишневе, каде разговарале со жителите чии куќи биле уништени или сериозно оштетени за време на рускиот ракетен напад на 2 јануари.

„Многу од нив се засолниле во блиското училиште, кое исто така беше оштетено од нападите. Покрај загубата на животи и повредите кои им го сменија животот, жителите ја опишаа болката од губењето на нивните домови и на целиот свој личен имот“, велат од ОН.

На 2 јануари 2024 година, руските трупи гранатираа над 15 населби низ регионот Харков со артилерија и минофрлачи.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...